ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада: Пауновски писмено беше известен дека не ја почитува законската обврска, секој службеник ќе работи согласно образованието и Акт за систематизација

April 25, 2021 19:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија денеска преку соопштение ги информира граѓаните и јавноста дека „преземањето на административните службеници се врши преку распоредување на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација во институцијата во која се распоредува или се презема“.

– Сите институции имаа целосен и детален увид во планот за распределба кој содржи податоци за сите вработени кои треба да бидат преземени и распоредени, податоци за нивото на работното место на тековното вработување, податоци за стекнатото образование, како и називот на институцијата во која се презема вработениот. Според планот, ДПИ треба да преземе 32 вработени, од кои 29 на работно место помлад соработник и тројца на работно место помлад референт, се наведува во соопштението.

При изготвувањето на Планот, се додава, Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците го имаше во предвид фактот дека видот на образование на вработениот кој се презема треба да биде соодветен на надлежноста на институција во која се презема, односно да ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува, односно се презема.

Членот 12 ги утврдува условите за инспектор и определува дека инспекторот треба да има завршено образование од соодветната област што се докажува со уверение. Оттаму,  се посочува, од увидот во образовниот профил на лицата кои се опфатени во Планот за распределба е утврдено дека 24 вработени кои треба да бидат преземени на работни места од категорија помлад соработник, ги исполнуваат општите, посебните услови, односно условот видот на образование да биде соодветен на описот на работното место. Ова значи дека овие лица може да бидат преземени како административни службеници.

Понатаму се наведува дека Членот 5 од  Законот за преземање на административни службеници вработени преку K-5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, е донесен во декември 2020 година, утврдува дека раководните лица во институциите, се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на Планот за преземање. Ова, се посочува, го прифатија 237 институции.

– Директорот на  Државниот пазарен инспекторат беше писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска, односно дека во законскиот рок не го прилагодил актот за систематизација на работни места во оваа институција што е дел од постапката за мобилност преку преземање на дел од нераспоредените административни службеници. Со процесот на распределба се решава децениски проблем, а преземањето на вработените нема финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија, од причина што станува збор за вработени за кои веќе се обезбедени финансиски средства, наведуваат од Владата.

извор: слободенпечат.мк

Next Post
Фото: Engin Akyurt/Pixabay

Вечерен преглед: Пауновски писмено беше известен дека не ја почитува законската обврска, нападот врз новинарите и снимателите e напад врз службено лице

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk