„Мнозинството на СДСМ во парламентот е стабилно и нема дилема, но ни се случуваат блокади од опозицијата и ВМРО ДПМНЕ. Ја користат здравствената криза, светската пандемија, за добивање ситни политики поени за да покажат во јавноста дека наводно немаме мнозинство. Таков впечаток сакаат да остават во јавноста, а плата земаат од граѓаните, но не ги исполнуваат обврските.
Она што цело време го прави опозицијата се блокадите и лажната перцепција што ја создаваат во јавноста. Ние имаме стабилно мнозинство, но некои се заразени, па ни недостигаат понекогаш, а тоа го користи опозицијата да прикаже дека мнозинството нема кворум, а кворумот го прават сите партии, не само мнозинството.“ – изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ, во „Утрински брифинг“.