Денешната прес-конференцијата на министерот за здравство Филипче и Хасани беше прекината во еден момент (деветта минута од видеото) од човек кој замоли за помош за тешко болен пациент.
-Го извадивме од дома не може повеќе да чекаме, дали овој човек може да го оствари правото за да биде примен во болница, праша човекот и замоли за помош од Филипче и Хасани.
Веднаш однесете го во трауматологија и јас ќе дојдам таму, рече Филипче.
Министерот Филипче го праша пациентот колку време е во количка, како се повредил и дали се чувствива добро.