ПИШУВА: Денис Јанкуловски
Нема да објаснувам што правевме во Борис. Нема да објаснувам кога и зошто го правевме играњето во Борис.
Штом така го злоупотребуваат едноставно сите злонамерници и погани усти не го заслужуваат се тоа.
Не можам да стигнам на секој пост да одговорам, знам дека ме разбирате, (може во 4 сабајле кога ќе станам и ќе кликам ) но во името на сите здравствени работници кои нималку виновни се најдоа на крајно необјаснив, чуден па и навредлив удар, Ви се заблагодарувам на поддршката која во сите овие 15 а очигледно и натаму месеци и тоа како ни е значајна, нам ни е еден вид елан да издржиме.
ЌЕ ИЗДРЖИМЕ ДО КРАЈ
Она што уште на почетокот си го зацртав и го практикувам буквално секој ден од 9ти март 2020г наваму а се со цел полесно да ги минувам напорните денови и да бидам максимално функционален и корисен е: сите неубави информации, особено дезинформации и вакви неочекувани дискредитации на здравствените работници да не допираат до мене. Затоа што се тоа што може и малку да ме измести од зацртанитот и докажано успешниот начин на секојдневно функционирање ќе се одрази на квалитетот на мојата работа а тоа уште полошо и пострашно ќе се одрази на оние кои чекаат од мене свесно, совесно и професионално работење.
Затоа и ова оди во фолдер „зар е могуќе бе?!?!“ кој стои негде длабоко во D://.
А јас……јас и понатаму продолжувам со она што го работам и ќе го работам на истиот начин како знам и умеам, комбинација од работа, музика, песна, насмевки, расположение и многу љубов. Затоа што здравјето е токму таа комбинација.
ЗДРАВЈЕТО на моите роднини, комшии, пријатели, познати и непознати, сограѓани. Тие ми се ПРЕД СЕ!!!!
Сакал некој или не, Космонаутизмот зема се поголем замав
И да, мојот одговор на сите вакви гадости е како и секогаш:
Naoruzan samo smjeskom hodam ja kroz grad…..и секако – Ja samo pejavam, ja samo igram, ja nemam razlog da se zivciram.
Гуш и бац друштво, утре продолжуваме со исто темпо.
Ве сакам
Ваш, засекогаш ваш и секогаш тука за вас разигранот, распеаниот сељак весељак – Денко Космонаутко