ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска до Мисајловски: Нема укинување на печатените учебници, се обидувате да ја манипулирате јавноста

April 28, 2021 17:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Укинување на печатени учебници не постои, туку законски за првпат се гарантира пристап до аудиоверзија, верзија од Брајово писмо, дигитална колаборативна верзија и печатен учебник и тоа е така во законското решение. Пристапот е комбиниран и таков постои во светот, ништо ново, ништо значајно, не го измислуваме ние”, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање на Владо Мисајловски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

“Она кое што е значајно е дека на тој начин ќе успееме да ги доближиме содржините до новата генерација на ученици кои живеат во дигитален свет, сакале ние или не”, рече Царовска и истакна дека законското решение нуди пристап до дигитални алатки и за децата од социјално ранливите категории, наспроти лошите децениски политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водеа до се поголемо раслојување.

“Укинување, укинување, укинување… Самите се обидувате да наметнете термин кој не постои. Она што се обидувате да го постигнете изминативе три дена со манипулација на учениците, родителите и наставниците е страшно и токму затоа добивте шамар денеска од Здружението на средношколци кое што ви кажа дека тоа не е организирано од нив и дека треба да внимавате со злоупотребата на ученици за партиски цели”, рече Царовска.

Министерката посочи дека предлог Законот е со европско знаменце затоа што при неговата подготовка се земени  во предвид стратешките документи и препораки донесени од страна на Европската комисија. Тие се однесуваат на образованието и дигитализацијата како: ,,Обликување на дигиталната иднина на Европа”, Дигиталниот образовен акциски план 2021-2027” и Комуникето за достигнување на Европската  област за образование до 2025 година.

Next Post

Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

October 29, 2025
Фото: Левица

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk