ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

April 28, 2021 17:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска по повод месецот посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам, денеска го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје.

Денешната посета, како што соопшти Кабинетот на претседателот, е со цел запознавање со работата и предизвиците со кои се соочува оваа установа и е во знак на поддршка на  лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

За време на посетата, директорката на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, др. сци. Силвана Филипова ја запозна сопругата на претседателот со работата на заводот, при што беа посетени логопедскиот кабинет, кабинетот за аудуометрија, кабинетот за рана говорно-јазичка интервенција и сурдолошкиот кабинет. Ѓоргиевска, исто така, го посети и одделот за рехабилитација на деца со потешки развојни нарушувања, деца со аутистичен спектар на нарушувања и деца со сензорни дисфункции, информираат од Кабинетот на претседателот.

Подигнувањето на свеста на јавноста за аутизмот е многу значајна за раната дијагностика и раната интервенција кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања. Со нашата поддршка може да придонесеме во подобрувањето на квалитетот на живот и поголемата инклузивност на овие лица, претежно деца, истакна Ѓоргиевска.

ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје е специјализирана и акредитирана здравствена установа во која се врши детекција, дијагностика, рана интервенција и третман на сите видови на патологија во вербалната комуникација кај деца и возрасни. Во моментов во оваа установа рехабилитациски третман посетуваат вкупно 56 деца со аутистичен спектар на нарушувања и деца со сензорни дисфункции, стои во соопштението.

извор: МИА
Next Post
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Заев: Не ми пречи пркосот на Пауновски, туку инаетот и одбивањето да разговара и да спроведе закон

Shortcut

Најново

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk