ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хелсиншки комитет: Децата да не се злоупотребуваат во политички активности

April 28, 2021 14:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет во земјава оценува дека во бројните реакции во јавноста предизвикани од најавената дигитализација и реформите што треба да го модернизираат образованието, очигледна е и инструментализацијата на ова прашање во политички цели. Апелира децата да бидат изземени од политички активности, зашто тоа е спротивно на сите меѓународни документи за нивна заштита.

Комитетот укажува дека децата се подложени на бројни манипулации, лажни вести и дезинформации, кои, како што наведува во реакција до медиумите, дополнително ја усложнуваат и онака сериозната состојба која ја наметна пандемијата со КОВИД-19 во однос на нивната едукација и секојдневното функционирање.

– Денешниот бојкот на наставата на средношколците очигледно е дел од таквите злоупотреби, што е потврдено и од страна на Сојузот на средношколци, кој посочува дека ова здружение не е организатор на бојкотот, туку тоа се одредени групи кои манипулираат со јавноста. Со загриженост констатираме дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето, туку  претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба, соопшти Хелсиншкиот комитет.

Поради тоа, Комитетот  ги повикува сите релевантни фактори во државата да ги изземат децата од своите политички активности, да преземат мерки за нивно точно и навремено информирање и на прво место да го стават интересот и добробитта на детето.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, економијата на Србија најмногу успори во регионот

July 26, 2025

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk