ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Писмо до човекот кој нè прозва нас и здравствените работници

April 28, 2021 09:52
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Господине Мицкоски, би сакал најдобронамерно да Ви помогнам, затоа што гледам дека не знаете дека песната “Марина” (во препев “Вакцина,,) е компонирана од познатиот италијански шансониер Роко Граната. Ние на таа мелодија напишавме текст. Компонирање е едно, а пишување забавен текст на дадената мелодија е сосема нешто друго , а нашата финална композиција е препев или кавер. Таква беше и “Корона Чао”, ако се сеќавате, хит во нашиот регион. Кој знае – ок, кој не знае – предолго за објаснување.

Сето време во пандемијава се трудиме да создадеме позитивна енергија и оптимизам кои итекако му се потребни на нашиот народ. Празните фрази, ветвите извици и повици не се наша тема на интерес (актер и музичар), а истовремено не дозволуваме да бидеме ставени во политички контекст таму каде за тоа нема место. Правото на јавниот говор што ви го дава партиската функција, ние како музичар и актер сме го стекнале со многу театарски и музички награди во земјата и странство и од таму нашата релевантност во јавниот простор . А вие? Никој нашите слушатели и обожаватели со ништо не ги принудува да ,,не сакаат и слушаат,, , ниту некој не платил или нарачал песната да ја направиме таква каква е. Ние сме само две ноти и неколку збора во морето музика и текст кое не опкружува. За некого морето е радост, извор на здравје, но за некого е смртен непријател во кој неукиот и тупиот на збор и музика може да се удави.

Во Вашите моменти на луцидност и чудење упатени кон нашата песна, си давате за право да коментирате нешто за што, простете, немате појма. Кога ќе напишете песничка од неколку реда и отпеете јавно неколку ноти, ќе ве сметам за кредибилен критичар; вака, сте само – политичар.

Во нашата музика нема ни П од политика, тоа го знаат сите. Оној што пее и игра со нас за да може на момент да заборави на проблемите е наша ,,целна група,,. Здравствените работници кои играа на песната (на чело со Денис, нашиот другар и пандемиски соборец со позитивна енергија), се истите тие кои за време на цела пандемија одеа по сите домови во нашата земја од утро до мрак, беспрекорно работејќи ја својата работа. Сега дел од нив го вакцинираат народот во две смени . Спонтаното играњето кое го коментирате е наш, а не Ваш придонес. Во нашиот свет, нашите почитувачи тоа го прават затоа што срцето така им диктира, без било какви очекувања. Од таму и танцот на здравствените работници. Има разлика,нели ? Никој од луѓето кои се вакцинирале, не рекле дека кога дошле на вакцинација прво учеле да играат оро како услов да добијат вакцина. Напротив, граѓанството се фали на љубезноста,пожртвуваноста и професионалноста на здравствените работници. Можеби и тоа е лошо по државата, а?

Фејсбук објава од Драган Спасов Дац

Next Post

Полициска акција во Арачиново се апсат дилери на дрога и оружје

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk