ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Јавниот и државниот долг за прво тримесечје во рамки на проекциите

April 29, 2021 16:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот и државниот долг во првото тримесечје од 2021 година, по повлекување на средствата од осмата еврообврзницата, забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени респективно. Јавниот долг изнесува 62,5 отсто, додека државниот изнесува 54,1 отсто, соопшти Министерството за финансии.

Како што истакнуваат од Министерството, издавањето на осмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра, со историски најниска каматна стапка од 1,625 отсто, е со цел рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2014 година со каматна стапка од 3,975 отсто. Отплатата на еврообврзницата од 2014 година во јули, според Министерството за финансии, ќе влијае на намалување на тековната состојба и на јавниот и на државниот долг.

– Други исплати и повлекувања кои влијаеа на состојбата на државниот и јавниот долг во првото тримесечје од годинава се намалување на состојбата на државните хартии од вредност за 23,4 милиони евра, емисијата на 19-та емисија на Обврзница за денационализација од 11,5 милиони евра, повлекување 11,8 милиони евра странски кредити за владини проекти и 8,9 милиони евра од страна на јавни претпријатија. Исто така, отплатени се обврски по основ на главнина во износ од 44,5 милиони евра.  Согласно тековната динамика на реализација на јавниот и државниот долг, очекувањата се дека ќе останат во рамки на проекциите од 63,4% и 53,2% респективно, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

На среден рок, односно до 2025 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 58,8 отсто, односно под нивото утврдено со Мастришкиот критериум, додека државниот долг ќе се сведе на 51 проценти. Ова, според МФ, ќе се реализира, од една страна, преку планот и мерките за постепена фискална консолидација, односно постепено намалување на буџетскиот дефицит, и од друга страна преку забрзување на економскиот раст, односно продуцирање поголема додадена вредност од којашто полесно ќе може да се сервисира долгот што доспева.

Инаку, како резултат на ковид-кризата, согласно податоците на Меѓународниот монетарен фонд, кај скоро сите европски земји (освен Норвешка)  има висок раст на државниот долг во 2020 година во споредба со 2019 година. Така, Шпанија има раст на долгот од 27,5 процентни поени, Италија раст на долгот од 27 процентни поени, Грција раст од 24,3 процентни поени. Во регионот, покрај Грција, Албанија има најголем раст на долгот од 15,6 процентни поени, Словенија раст од 14,9 процентни поени и Хрватска со 14,5 процентни поени раст на долгот.

извор: МИА

Next Post

(ВИДЕО) Четворица бугарски историчари и новинарот од БНТ се согласуваат дека во 1941 година имало окупација на Македонија

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk