Во организација на Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на IUCN, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) денеска ќе се одржи настан за изработка на Нацрт – планот за управување со Национален парк „Шар Планина“.
На настанот најавено е обраќање на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, експертот за координација на проекти, Програмска канцеларија на UNEP, Виена, Искра Стојанова, директорот на Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија на IUCN,Борис Ерг и на клучниот експерт и лидер на тимот Даниел Богнер.