ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме зачувување на илјадници работни места, поголеми плати и минималец повисок за 6.000 денари

May 1, 2021 10:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

1 Мај –  празникот на работничките и работниците и оваа година го одбележуваме во посебна состојба заради условите што ги наметна пандемијата. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше македонскиот работник – обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници вредни работници редовно да земаат плати и да однесат приход во своето семејство, наведува премиерот Зоран Заев во видео обраќање со кое го честита Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

– Работните места на прво место! Тоа беше главната цел на првите состаноци со економските тимови кога почна пандемијата. И задоволен сум што оваа наша цел немаше многу противници – напротив, преку заеднички консултации и со фирмите и со синдикатите, успеавме да ги задржиме работните ангажмани на многу наши граѓани и со тоа да ја држиме економијата жива и динамична, истакнува Заев.

Тој потенцира дека со тоа уште еднаш се докажа дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество.

– И покрај ударот од глобалната Ковид криза, платите продолжија да растат – и ќе растат понатаму. За неполни четири години минималната плата ја донесовме од 9.000 до над 15.000 денари. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице, или 72.000 денари повеќе за секој работник годишно. И ќе расте. Платите особено пораснаа во здравството, образованието, но и во армијата, во полицијата и во социјалниот сектор. А со субвенциите за придонеси на фирмите, околу 200.000 вработени во реалниот сектор добија поголеми плати, додава премиерот во обраќањето.

Тој потестува дека историската неправда кон стечајните работници се реши за околу 12.000 лица кои добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до нивното пензионирање.

– Економско-социјалниот совет е отворен дури и за оние синдикати кои не се репрезентативни, и со сите нив, во името на правата и грижата за работниците го креираме новиот текст на Предлог-законот за работните односи. И конечно – недела ќе биде неработен ден, потенцира Заев.

Премиерот нагласува дела економијата е стабилна, кризата ја поминавме без поголеми потреси и конечно излегуваме од неа.

– За тоа сте најзаслужни токму вие и вашиот труд! Бидете горди поради тоа и знајте дека државата е тука секогаш за вас, затоа што оваа држава ја разбира и цени работничката мака. Нека е честит 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Нека е за многу години!, истакнува премиерот Заев во видео честитката по повод 1 Мај.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СЗО ја одобри вакцината на Модерна за итна употреба

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk