ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦУК: Армијата прати 20 војници за гаснење на шумскиот пожар во Галичник, по повлекувањето на хеликоптерот заради силниот ветер

May 3, 2021 08:20
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за управување со кризи (ЦУК), доцна синоќа беле информирани дека Армијата пратила 20 војници за гаснење на шумскиот пожар над селото Галичник, по повлекувањето на хеликоптерот заради силниот ветер.

Конкретно, денеска Армијата прати хеликоптер за гаснење на пожарот над с. Галичник, но заради лошите и небезбедни прилики за дејство – силен ветер, го приземји, а на крајот од денот и го врати во армиската база. Но, веднаш потоа го информирање ЦУК дека 20 војници ќе бидат веднаш пратени за да го гаснат пожарот и да го заштитат селото со другите присутни сили. Војниците, вечерва, се веќе во с. Галичник и според информациите се сместуваат во хотелот „Неда“, соопштија од ЦУК.

ЦУК, како што нагласуваат, по добиената информација за голем пожар  над с. Галичник, вчера околу 13.30 часот, координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто испрати еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и за заштиа на Галичник. ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Според последните информации, опасност не постои по куќите од село Галичник, од страната на шумскиот пожар. Согласно развојот на настаните, во координација со ЦУК, бараниот и обезбеден армиски хеликоптер со опрема за гаснење пожар, во Галичник стигнал најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот бил принудно приземјен на најблиско можно место до Галичник. Екипажот бил подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар. На крајот од денот, хеликоптерот бил вратен во армиската база во Скопје. Во селото Галичник, за негова заштита од шумскиот пожар, се присутни Територијалната противпожарна единица од Гостивар (ТППЕ) со едно ПП возило, а и од ТППЕ Дебар, потоа неколкумина припадници на МВР, вработени од Национаниот парк „Маврово“ и самоорганизирани луѓе од месното население. Се очекува вечерва од Општина Тетово, во координација со РЦУК Тетово, да пристигне и да биде во приправност и специјално мало противпожарно теренско возило токму за шумски пожари и тим пожарникари со конкретна рачна опрема за гаснење шумски пожари.

Инаку, од ЦУК велат дека информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена вчера околу 13.30 часот. Шумскиот пожар, заради засилениот ветар, претставувал потенцијална опасност за селото, но истовремено е бил опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и зафатил борова шума. Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат опшините, одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, на време официјално барање за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.

 

 

Next Post
Фото: David Aguirre/Pixabay

Совет на Европа: Слободата на печатот е клучна во услови на криза

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk