ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Малите сместувачки објекти од денеска може да аплицираат за сертификат и печат „Чисто и безбедно”

May 3, 2021 10:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите видови сместувачки објекти од мал обем во кои правилно и целосно се спроведуваат и почитуваат препораките и важечките протоколи за работа на угостителски објекти за сместување од денеска имаат можност да аплицираат за верификација со сертификат и печат “Чисто и безбедно” (safe and clean), соопшти Независната угостителска комора.

Комората посочува дека локалните самоуправи имаат евидентирано неколку илјади категоризирани и некатегоризирани сместувачки објекти од мал обем (куќи, вили, викендици, станови, апартмани и соби кои се издаваат) со вкупен капацитет поголем од 20.000 легла. Најголема концентрација на овие сместувачки капацитети се наоѓаат во познатите македонски туристички места. Голем дел од нив се издаваат преку познатите светски платформи како што се booking.com или airbnb.com, а дел од нив и преку македонските веб интернет платформи или мали огласи.

– Зголемената перцепција и потреба на гостите за безбедноста и хигиената во угостителските објекти за сместување станува се поголем конкурентен фактор во изборот каде и по која цена ќе го доверат својот престој или одмор. Со цел да им овозможиме на домашните и странските гости правилен и сигурен избор на места каде ќе можат да се чуствуваат чисто и безбедно за време на својот престој или одмор доколку користат сместувачки објекти од мал обем – приватно сместувања во куќи, вили, викендици, станови, апартмани и соби ја проширивме нашата кампања и верификација со сертификатот и печатот “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” со можност на сертифицирање и на овие сместувачки објекти од мал обем, се наведува во соопштението на НУК.

Сите сопственици што издаваат сместувачки објекти од мал обем (куќа, вила, викендица, стан, апартман или соба/и) и ги спроведуваат целосно и правилно важечките препораки и протоколи за работа на угостителски објекти, користат средства за хигиена и дезинфекција од званични и регистрирани производители и добавувачи можат да аплицираат за добивање на сертификат и печат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО со што ќе можат да го потврдат и верификуваат на локално и глобално ниво својот сместувачки објект од мал обем за чист и безбеден што нуди сигурен престој и одмор за домашни и странски гости.

– Со овој сертификат се укажува дека сопственикот на објектот претставува сериозна и одговорна личност која се обврзува свесно да ги почитува и применува во целост сите здравствени протоколи за заштита и превенција на здравјето на вработените и гостите во услови на пандемија Ковид-19. Овозможувајќи на овој начин да се приклучат и сопственици на овие сместувачки објекти придонесуваме сите ние заеднички да учествуваме во изградба и препознатливост на стандарди со национална кампања за независен македонски идентитет за чист и безбеден престој во сите угостителски објекти и сместувачки објекти од мал обем, се наведува во соопштенето на НУК.

Next Post

СЕММ: Од властите е потребна поддршка за слободата на медиумите, од професијата – одговорност

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk