ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нацевска: Мерките на НБ дадоа резултати во досегашниот тек на корона кризата

May 4, 2021 13:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона кризата, оцени  вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, на вебинарот на тема „Монетарната политика, банките и кредитните пазари во ковид-19: справување, поддршка и последици“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Како што соопшти Народната банка таа наведе дека  меѓу другото, условите за кредитирање и натаму се олабавени, што е видливо преку натамошното постојано намалување на каматните стапки на кредитирањето кои достигнаа историски најниски нивоа и дека во текот на измината година, кредитната поддршка не забави, што вообичаено се случувало во сите претходни кризни епизоди, туку беше обезбеден солиден кредитен раст.

–Општо земено, 2020 година беше година во знакот на пандемијата, при што во отежнато окружување, Народната банка со навремената реакција, преземањето соодветни мерки и зајакнатата комуникација со јавноста придонесе за успешно остварување на своите цели и стабилизирање на пазарните очекувања. Сето ова упатува на соодветно справување со кризата, овозможи услови за солидна кредитна поддршка на граѓаните и компаниите, без притоа да се доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Сепак, ова не се времиња кога треба да сме некритички задоволни од постигнатото, истакна вицегувернерката Нацевска.

Во својата презентација, вицегувернерката се осврна на монетарната политика во условите на пандемијата, при што покрај политиката на нашата централна банка, говореше и за политиките на ЕЦБ и ФЕД.

Нацевска, како што стои во соопштението, ги истакна и активностите на Народната банка коишто се однесуваа на девизниот пазар. Притоа таа посочи дека по изразениот притисок на девизниот пазар во првата половина од минатата година, состојбите постепено се нормализираа, при што Народната банка со редовните и навремени интервенции и овојпат успешно ја одбрани вредноста на домашната валута и обезбеди стабилност на девизниот курс на денарот. Како што кажа, покрај директните интервенции на девизниот пазар, важни беа и т.н. „вербални интервенции“, односно укажувањата до банките при поголеми осцилации на нивните девизни курсеви во услови на задоволена побарувачка, како и засилената комуникација со јавноста.

Во презентацијата, стои во соопштението, е посочено дека комуникацијата со јавноста беше клучна за согледувањата на граѓаните и економските субјекти, бидејќи преку неа се обезбедуваат релевантни информации коишто се важни во носењето на нивните одлуки, од кои во одредена мера зависат и движењата на девизниот пазар.

Нацевска нагласи и дека е важно што веќе на средината на минатата година, Народната банка доби и поддршка од ЕЦБ во однос на засилување на капацитетите за интервенирање на девизниот пазар, преку позитивниот одговор на барањето за одобрување билатерална репо-линија.

Таа посочи и на натамошните предизвици за носителите на политиките.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk