ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Тито не беше бајка, ниту Гоце бил Царот од „101 приказна“…

May 4, 2021 15:33
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter
пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Се случи на денешен ден…
04.05.1980 година почина еден човек.

Знамињата на Бакингемската палата, на Капитол хил, на Кремљ, на Елисејските полиња, Хофбург и секаде во светот се спуштија на пола копје…
Се одржа прв и последен пат седница на Обединетите нации со само една точка на дневен ред.
Прогласени беа повеќедневни национални жалости во повеќе од 80 држави во светот. На погребот присуствуваа 209 делегации од 128 земји, 31 претседатели на држави, 4 Кралеви, 6 Принцови, 22 Премиери, 11 претседатели на Парламенти…
Во Ватикан, еднаш и единствен пат во историјата заѕвонеа ѕвоната, а во Катедралите и црквите се одржуваа миси и литургии за неговата покојна душа…
Ова се факти, што и да мислите за него. Се викаше Тито. Го разбираше светот онака како што го разбираше македонскиот револуционер Гоце Делчев, како поле на културни и спортски и технолошки натпревари меѓу народите, и според некоја „случајност“ починат на истиот датум како и Тито, 04.05.1903 година…
Родените после Тито треба да знаат дека, сегашните седум држави произлезени од поранешната Федерација на СФРЈ, кои, за голема жал, ниту на сон можат да замислат дека некогаш живееле во хармонична заедница, дека никој, од север до југ, од Јесенице до Гевгелија, од Нови Сад до Сплит, не чувствувал граници, разлики, разединетост, а за омраза и национален антагонизам ниту збор. За многумина родени после него, а се вика Тито, нема да биде за верување, а треба да знаат, дека: Тоа не беше наметнато живеење, насилно спроведувано со измислениот режим на обединувачот од страна на растурачите на федерацијата, туку, тоа беше живеење изградено на темелите на најосновните човечки принципи: почитивање кон оние со мајчини јазик различен од твојот, кон оние кои според нивните свештеници и сопствените убедувања се различна вера од тебе, кон сите оние кои се побогати односно посиромашни од тебе, кон почитувањето на законите и правдата еднаква за сите, врвно образование и здравство бесплатни. Сите живееја во братството и единството на разликите, сите беа исти во богатството на шарената заедница, во љубов и почит кон јазиците, културите, историите, со восхит на традициите на различните по вера и нација, а сите исти пред чеканот на правдата…
Ова е живо сведочење за еден соживот во една држава, соживот кој, ниту најчистите препораки од ЕУ можат да го спроведат, реализираат, контролираат со децении, најмалку да го вратат, иако арчат грдни милијарди за као божемски да го спроведат. Тито не пренесе во наследство ниту една банка, еден динар на своите следбеници, а ги имаше, ниту беа привилегирани додека беше жив, ниту сопругата доби нешто од конфискуваните имоти и пари. Се’ остави на државата која беше пример во светот, затоа што се викаше Тито…
Денес сирените нема да се огласат, сообраќајот нема да сопре во градовите и селата, за да патниците излезат надвор и со едноминутен молк ја изразат огромната почит по неговата смрт. Денес ќе сведочат живите сведоци по социјалниве мрежи. Вие, деца наши, вие кои сте родени и израснати после него, после Тито, не заборавајте: Тито не е лик од бајките, исто како што Гоце Делчев не бил Царот од “101 приказна“…
Фала им и слава им…

Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk