ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Со деинституционализацијата Заводот за рехабилитација Бања Банско ќе прерасне во современ давател на социјални услуги

May 6, 2021 15:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети Заводот  за заштита и рехабилитација Бања Банско во Општина Струмица кој  што претставува дел од процесот на деинституционализација започнат со воведувањето на социјалната реформа.

Смислата на процесот  на деинституционализација, истакна министерката Шахпаска е  лицата сместени во институција, вклучително и лицата со попреченост во Заводот Бања Банско, да бидат сместени и живеат со поддршка преку системот на социјална заштита.

„Трансформацијата на Заводот ќе значи преобразба во еден современ давател на услуги согласно потребите на лицата со попреченост почитувајќи ги одредбите од конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост. Тоа значи и дека Заводот за рехабилитација во Бања Банско ќе биде давател на повеќе социјални услуги: рехабилитација и реинтеграција на лицата со попреченост, професионална рехабилитација и вклучување лицата со попреченост на пазарот на трудот, а доколку има потреба, преку Заводот можеме да ја зајакнеме достапноста на услугите лична асистенција и помош и нега во домот за лицата со попреченост. Целта е лицата со попреченост да можат активно да се вклучат во општеството согласно нивните способности и  потреби, “ посочи министерката Шахпаска.

Министерството за труд и социјална политика покрај грижата за штитениците, додаде министерката, се грижи и за вработените, кои ќе бидат вклучени како даватели на новите социјални услуги, со помал број на корисници и можност за сопствен професионален развој.

Општина Струмица претставува одличен пример како социјалните услуги функционираат на локално ниво. Министерката Шахпаска ги истакна позитивните искуства со здружението „Покров“  кое врши рехабилитација, реинтеграција и професионален ангажман на лицата кои што се лекуваат од различни зависности. Исто така во Општина Струмица личната асистенција ја користат најголем број на корисници во државата после Скопје, тоа се околу 40 корисници кои услугите ги добиваат преку подружницата на Црвениот крст во Струмица.

Директорката на Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, информираше дека Заводот постои 47 години, време за  кое престојувале околу 300 корисници. Притоа, како дел од процесот на деинституционализација 11 корисници веќе живеат надвор од институцијата, со поддршка, во групни домови односно четири станови во Струмица, една куќа во Добрејци и Миравци.

Министерството за труд и социјална политика го продолжува процесот на деинституционализација кој треба да  одговори на потребите и  барањата на лицата со попреченост , за да и се чувствуваат како активни чинители во нашето општество.

извор: MИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk