ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Совет на Општина Центар донесе заклучок за постапување според член 23 од Законот за урбанистичко планирање

May 6, 2021 17:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучокот за постапување според член 23 од Законот за урбанистичко планирање беше одобрен на денешната 64-та седница на Советот на Општина Центар. Со донесувањето на оваа одлука, претходно донесените заклучоци за постапување по истиот член, донесени на седниците во декември 2020 година, престануваат да важат.

– Дојдовме до заклучок дека минатиот заклучок, односно измената, оваа е трета, е премногу општ за општината, недоволно јасен за да може да се постапува по истиот и градоначалникот не можеше да постапува и не постапи по истиот, изјави советникот Јон Фрчкоски кој ја предложи точката на која овој заклучок беше предмет на расправа.

Дополни дека смета оти заклучокот треба да претрпи измени со кои не би се нанеле сериозни штети на општината, и, притоа, би му овозможиле на градоначалникот да постапи по него.

– Се задолжува Комисијата за урбанизам формирана од градоначалникот и стручните служби од Секторот за урбанизам, да изготват стручни елаборати за деловите од детални урбанистички планови за кои е неопходна примена на институтот „суспензија на урбанистички план, на негов дел или планска одредба“ согласно членот 23 од Законот за урбанистичко планирање, стои во Заклучокот кој беше одобрен од Советот на Општина Центар. Притоа, се задолжува градоначалникот на Општина Центар-Скопје, да ги достави изготвените стручни елаборати од Комисијата за урбанизам формирана од градоначалникот и стручните служби од Секторот за урбанизам со Барање за давање мислење за суспензија до министерот за транспорт и врски во рок од 20 дена од донесување на овој Заклучок.

На денешната седница беа изгласани и други точки помеѓу кои оние кои веќе беа предвидени на дневниот ред, како што се: Предлог-одлука за давање согласност за згрижување на деца (воспитни групи) во други просторни услови за потребите на Јавнaта установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје, Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната установа за деца детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје, разгледување на Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Центар-Скопје за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 1.1.2021 до 31.3.2021 година како и разгледување на Одговор од Агенција за планирање на просторот на Република Северна Македонија.

На денешната седница беше изгласан и Планот за изменување и дополнување на план на програми за развој на Општина Центар за 2021/2023 како и финансиска помош за лекување на Марија Праскова.

Од дневниот ред беше отстранета петтата точка  – Разгледување на Барање од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, бидејќи, по мислење на комисијата, истата треба првично треба да биде доставена до јавното претпријатие, бидејќи се работи за долг што го има МТСП кон ПОЦ.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вицепремиерот Битиќи и директорите Деспотовски и Петров на економскиот форум на Фајнанс Тинк: Во последните три години преку Планот за економски раст поддржавме 800 компании со 70 милиони евра

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

October 21, 2025
Скриншот

Абас: Хамас може да биде партија ако го признае Израел

October 21, 2025
Скриншот

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk