ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерката Шахпаска на тркалезна маса „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“

May 7, 2021 13:21
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на тркалезна маса на тема „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“ , на која што се презентираше  „Анализата за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка“,  во организација на Аналитика тинк-тенк, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Министерката Шахпаска која го отвори денешниот настан,  истакна дека справувањето со неформалната економија и потребата и значењето да се формализираат тие работни места како за работниците така и за општеството, се исклучително важни прашања и во нормални услови, а особено важно во услови на сериозна економска и здравствена криза предизвикана од пандемијата Ковид-19.

„На самиот почеток на кризата, главната задача на Владата беше да се зачува секое работно место, но и да се помогне на најранливите категории на граѓани. И навистина анализите покажуваат дека мерките беа добро осмислени, добро таргетирани и го дадоа посакуваниот ефект. Спасени се најмалку 80.000 работни места, додека падот на БДП ќе беше за најмалку 50 проценти поголем од падот што е сега,“ истакна министерката Шахпаска.

Притоа, таа посочи дека во справувањето со економските последици  предизвикани од  пандемијата, креирањето на  мерки кои ќе ги таргетираат вработените во неформалната економија  е голем предизвик, но сепак како држава, овозможивме и тие да бидат опфатени и тоа на повеќе начини.

„Преку еднократна парична помош во висина од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија, потоа преку домашната платежна картичка со која беа опфатени 115.927 лица – приматели на социјална помош, невработени евидентирани како активни баратели на работа, млади лица не постари од 29 години, над 85 илјади пасивни баратели на работа, “потенцираше министерката Шахпаска.

Таа ги истакна и законските измени со кои се  олесни пристапот за гарантирана минимална помош, со цел системот на социјална заштита да опфати што е можно повеќе семејства во ризик и тоа даде ефект.

„Во април годинава за речиси 6000 семејства е зголемен бројот на семејства што добиваат гарантирана минимална помош, во однос на април минатата година. Дел од нив се тие коишто биле дел од неформалната економија, но не успевале да станат дел од системот на социјална заштита,“рече Шахпаска.

Таа истакна дека преземањето на  системски мерки, кои  обезбедуваат  долгорочни решенија, како и  креирање на политики кои се во насока на формализирање на неформалната економија е она на кое што работи Валдата.

„ За таа цел подготвивме Стратегија за формализација на неформалната работа за периодот 2018-2022 година, со цел да создадеме сеопфатен и конзистентен систем за ефикасно намалување на неформално вработените, намалување на нерегистрираните деловни субјекти, како и намалување на  неформалните активности во рамките на формалната економија,“ истакна Шахпаска.

Таа посочи дека сложеноста на неформалната економија бара мултисекторски пристап, поради што Владата уште во 2018 година формираше Координативно тело одговорно за координирање и следење на реализацијата на Стратегијата. Притоа, таа ја посочи и поддршката од Европската Комисија за имплементација на дел од активностите предвидени со Акцискиот план за имплементацијата на Стратегијата.

Таа ги истакна заложбите на Министерството за труд и социјална политика во креирањето на  политики и мерки во насока на формализација на неформалната економија, како што е  новиот Закон за работни односи, на кое заеднички работат  претставници на работниците и на работодавачите.

„Новите решенија во Законот за работни односи,  ќе значат одреден степен на гаранција за работниците преку целата година, но и гаранција за работодавачите дека наредната сезона ќе имаат сигурни работници,“ рече Шахпаска.

Таа ја истакна важноста на мерката за активација на пазарот на трудот што Министерството заедно со Агенцијата за вработување, ја реализира.

„Преку индивидуалниот план за секое вработливо лице, кој го подготвуваат Центрите за социјална работа заедно со АВРСМ, преку преквалифакцијата и доквалификацијата што се нуди, ние создаваме услови секое вработливо лице со поддршка на институциите да добие соодветно работно место кое ќе значи не само сигурност, туку и можност и за кариерен напредок и развој. Верувам дека ова ќе биде дополнителен мотив и за пасивните баратели на работа, но и за неформалните работници да направат се да станат дел од формалниот работен процес,“потенцираше Шахпаска.

На  крајот министерката порача дека прашањето за формализирање на неформалната економија не е прашање кое треба да го решава само Владата или Министерството, тоа бара вклученост и од страна на локалната власт, невладиниот сектор и сите фруги институции, со цел поголема информираност на граѓаните за сите можности кои им се нудат.

 

 

 

Next Post

Две години и пет месеци затвор за седмата обвинета која призна вина во случајот „Двојник“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk