ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ивана Петровска од Тетово-меѓу ретките научници кои ја истражуваат планетата Земја, добитничка на „Инженерски прстен“

May 8, 2021 10:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младата тетовчанка Ивана Петровска е меѓу ретките луѓе во С Македонија која се занимава со истражување на површината на планетата Земја преку слики од сателитски платформи, вклучувајќи ги тука и продуктите на американската вселенска агенција НАСА. Таа е магистер по технички науки од областа на геодезијата и специфичните истражувања ги спроведува како стручен соработник на Катедрата за геодезија при Градежниот факултет во Скопје. Воедно, 25-годишната Ивана е една од актуелните носителите на врвното инженерско признание „Инжеренски прстен“ што и го додели претседателот Стево Пендаровски на 29 септември 2020 година.

-Мојата работа во рамки на геодезијата се однесува на просторни анализи користејќи ги техниките на фотограметријата и далечинската детекција. Фотограметријата, наједноставно кажано, подразбира снимање на теренот со дронови за научни цели, додека далечинска детекција е фокусирана на генерирање слики од вселената кои како податоци потоа се анализираат. Покрај ова, останати области на интерес ми се компјутерска визија, алгоритми за машинско учење за просторни анализи, Геоинформациски системи, 3Д визуелизација и моделирање, објаснува Ивана Петровска.

Со универзитетски просек од 9.92 Ивана Петровска од Тетово во септември 2020 година беше една од добитничките на престижното признание „Инженерски прстен“ кое го доделува Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски. Таа по дипломирањето на Градежен факултет и стекнувањето на звањето дипломиран геодетски инженер, веднаш продолжила на постдипломските студии кои ги завршила во ноември 2019 година, достигнувајќи ја високата просечна оценка со која го добива инженерскиот прстен.

 

-Оваа награда е големо достигнување за секој студент од техничките науки и претставува круна на повеќегодишната континуирана работа. Секогаш е задоволство кога ќе бидат препознаени сета љубов и труд вложени во студирањето и уште повеќе ме мотивира за поголеми успеси во иднина. Оваа награда исто така ќе биде значаен дел од мојата биографија, вели Ивана Петровска.

Нејзин фокус сега е научно-истражувачката работа во областа на геодезијата. Како магистер по технички науки од областа на геодезијата по магистратурата, својата иднина ја гледа токму во развивањето на геодезијата како наука, а лично кон достигнување докторски студии.

-Секако размислувам за продолжување на образованието и дополнително наградување на професионално ниво. Сакам да се занимавам и со научно истражувачка работа и со едукација. Тоа би значело моја лична активност и придонес во научно-истражувачки проекти кои се од круцијално значење за развој на најновите технилогии и методологии во геодезијата како и давање одговор на предизвиците на модерното инженерство, вели Ивана Петровска.

Магистерскиот труд на Ивана е насловен „Автоматска класификација и валидација на земјината покривка врз основа на мултиспектрални сателитски снимки од Landsat – 8”. Ландсат-8 е сателит и е дел од најдолгата вселенска мисија за набљудување и фотографирање на Земјата oд НАСА, од кој можат да се откријат природните и вештачките карактеристики на просторните појави.

-Целта на трудот е да се класифицираат различните типови на земјиште (вода, вегетација) околу реката Треска (вклучувајќи го и езерото Козјак) заради категоризирање и предвидување на нивното потенцијално влијание врз околината од кое понатаму би можело да се дизајнира стратегија за рационално користење на земјиштето. Воедно, ова претставува научен пристап за класифицирање на земјиштето без теренски активности, што заштедува време и финансиски средства, објаснува младата тетовска научничка.

„Инженерски прстен“ е признание што се доделува на најдобро дипломирани/магистрирани студенти од техничките факултети кои имаат звање инженер. Се доделува од страна на Инженерска институција на Македонија и Комора на овластени архитекти и инженери под покровителство на Кабинетот на претседателот на државата, при што самиот претседателот го врачува признанието и прстенот.

извор: МИА

 

Next Post
Фото: МИА

Полицискиот час го прекршиле 21 лице, 372 санкции за неносење маска

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk