ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија

May 8, 2021 10:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на „ББ +“, со негативен изглед. Како што нотира агенцијата, рејтингот на РС Македонија е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс.

Како што соопшти Министерството за финансии, агенцијата предвидува годинава да се постигне економски раст од 3,9 проценти, и 4,3 проценти во 2022 година, при што истиот главно ќе зависи од пандемијата во РС Македонија и главните извозни пазари.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една земја, и е еден од клучните индикатори кои потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Оценките на кредитните агенции влијаат на одлуката на инвеститори кои размислуваат за инвестирање во регионот. Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што понатаму уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати.

Агенцијата во својот извештај воедно нотира дека конкурентните трошоци за работна сила и покрај зголемувањето на платите, како и добрите владини политики насочени кон привлекување на странките директни инвестиции и прогресот на преговорите за членство во ЕУ исто може да придонесе за подобрување на изгледите за привлекување странски директни инвестиции, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Потврдата на кредитниот рејтинг на државите во време на пандемија исто така влијае и на  намалување на трошоците за долгот на државата, со што се постигнуваат заштеди во каматите.

Имено, годинава како резултат на добрите економски политики, но и на потврдата на кредитниот рејтинг од страна на кредитните агенции беше причина за издавање еврообврзница по историски најниска каматна стапка. Агенцијата, како што стои во соопштението, исто така во извештајот ги нагласува и стабилните девизни резерви.

Негативниот изглед во потврдениот кредитен рејтинг е одраз на надолните ризици на јавните финансии и економскиот раст на краток рок пред се поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, појаснуваат од МФ.

извор: МИА

Next Post

Полицијата во Скопје изрекла 129 сообраќајни прекршоци, 32 за брзо возење

НАЈНОВО

Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

November 14, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

(ВИДЕО) „Марш за ангелите“ в сабота во Скопје, родителите порачуваат: Ни треба ваша поддршка

November 14, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Астрономите пронајдоа нешто неверојатно скриено зад Плејадите

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk