Заврши времето на евтина работна сила, не може да си дозволиме така да се однесуваме веќе. Ние не сме држава на евтина работна сила. Европа се фокусира на продуктивност, никој не гледа висина на плати. Ние немаме луѓе за извоз, мора да престанеме да ги извезуваме луѓето, а тоа ќе го оствариме само со паметен пристап на делот на конкурентноста“ изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Масовната вакцинација на населението продолжи и вчера во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје и во останатите шест регионални пункта низ државата. Според Министерството за здравство, истата се одвива непречено, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува. Вакцинирани 100.000 граѓани, се очекува и натаму добра динамика.
Претседателот на државата Стево Пендаровски не заговара ревизија на судскиот процес, туку граѓанско помирување, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не бара амнестија или помилување, туку правда за осудените во случајот „27 Април“, е исходот од вчерашната средба во вилата „Водно“.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), ќе ги преземе сите механизми кои и се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Целта на пропагандистичката сабја на десното и „левото“ крило на ВМРО-МВРО не е толку да ги замолчи гласните и храбрите. Не драги мои. Главна цел е – да ги обесхрабри сите други, што ја веднат главата и молчат пред таа сабја и сеприсутно насилство и омраза, пишува ПЕТРИТ САРАЧИНИ / Midnight Express.
Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светска Рамсар листа, нашата држава, по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25 205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини: Охрид, Струга и Дебарца.
М. Миткоска





