ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протести на разединети полициски синдикти со исти барања

May 8, 2021 18:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест на кој му се приклучија и други синдикални организации од (КСОМ). На протестот, кој го нарекоа „предгенерална проба“ како најава за влегување во еден вид работнички национален штрајк, од НСП побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација. Оттаму се спротивставија на, како што неофицијално дознале, веќе потпишаниот Колективен договор меѓу МВР и Македонскиот полициски синдикат.

По завршување на протестот на НСП, со исти барања, но одделно се јавија и од Синдикатот на полицијата, кој е член на Конфедерацијата на слободни синдикати, а беше дел од НСП.

Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев реагираше на претставувањето на МПЦ како единствен репрезентативен синдикат.

– Не може НСП да излегува пет години за шумската полиција, за затворската полиција, за судската полиција, да ги реши прашањата за сите. Не може вработените во полицијата, излегувајќи и давајќи поддршка за овие три синдикални структури, да ги реши прашањата, а МПС да се претставува за единствен репрезентативен синдикат. Е, тоа нема да може. Кажувам многу пати, меѓутоа од денеска па натаму не може на некој да му е замрзната функцијата генерален секретар во тој синдикат, не знам по кој член од кој било закон, работното место да си го покачи за едно ниво повеќе, изјави претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев.

Претседателот на Синдикатот на полицијата Орце Коцевски побара европски колективен договор од МВР.

-Колективен договор со одредби, со коишто ќе спречат незаконските распоредувања. Колективен, со кој полицијата ќе добие подобри услови и права. Бараме професионалци на чело на МВР, порача Коцевски.

Покрај НСП, на протестот свои барања упатија и други синдикати членови на КСОМ.

Претседателот на независниот синдикат на Управата за водење на матични книги Тони Милошевски истакна дека неколку години се трудат да воведат нов начин на размислување и делување и да им докажат на вработените дека тие стојат зад нив, ги штитат нивните права и слободи гарантирани со Устав. Тој посочи дека НСУБМК испратил отворено писмо до премиерот Зоран Заев во кое, меѓу другото, бара потпишување на Колективен договор и исплата на К 15.

– Од премиерот Заев побаравме во најкус можен рок да се потпише колективен договор, исплата на К 15, да се изготви план стратегија за вакцинација против Ковид-19, признавање на дипломите за факултетско образование за лица вработени со средно, како и добивање на поголемо звање според поминат стаж. Очекуваме во целост да ни се исполнат нашите барања, истакна Милошовски.

Тој рече дека масовноста на протестот денеска го охрабрува дека се на правиот пат и дека само сплотени и единствени можат да го вратат достоинството на работникот.

извор: МИА

Next Post

(ВИДЕО) „Одиме на Европско“ - навивачката химна на македонската фудбалска репрезентација

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk