ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ангелов на јаже преку клисура длабока триесетина метри

May 9, 2021 14:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Голема важба за спасување се реализираше денеска во кавадаречкото село Мрежичко, во организација на Спелеолошката федерација. Во нејзини рамки, присутните, меѓу другото, имаа можност да го видат директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на јаже преку клисура, длабока триесетина метри.

– Денеска алпинист падна од карпа висока 80 метри. Целиот искршен, остана да виси на висина од околу 40 метри. За среќа, ова е само дел од сценариото на вежбата. Восхитен сум од љубовта којашто ја видов кај вас, им се обрати Ангелов на членовите на спасувачките тимови.

Тој нагласи дека е восхитен од нивната љубов кон  височините, карпите, алпинизмот, но најмногу кон човечкиот живот.

-Бидејќи, бесценето е тоа за што сте обучени. Затоа што спасувате човечки животи, ризикувајќи ги сопствените. Вашата вештина што сте ја стекнале макотрпно без никаква помош од државата, треба да биде надоградена. И понатаму како држава, треба дел од вас да бидат ставени во новата институција што ќе го менаџира кризниот менаџмент, а за којашто ќе треба извесно време. Значи потребни се длабоки системски реформи, за да може овие луѓе да бидат ставени во системот на државата, во системот на управување со кризен менаџмент, за нивните вештини да бидат на располагање за помош на тие што имаат потреба од спасување,  рече Ангелов.

 

Во знак на почит и восхит, додаде тој,  но и во знак на довербата што ја има кон нив, денеска лично се спушти по јажиња што тие ги нарекуваат жичари.

-За да покажам дека целосно ви верувам и дека мојот живот можам да го дадам во ваши раце. Со тоа, со личен пример покажувам дека имам целосна доверба во вас. Ви благодарам за вашата жртва и посакувам успешна вежба. Да продолжите да вежбате и усовршувате вашите вештини, а ние како држава да помогнеме во вашето опремување, мислам на спелеолошката федерација, а потоа и дел од вас да станат дел од  државниот тим за спасување во тешко пристапни или непристапни терени, нагласи Ангелов.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, чии единици исто така учествуваа на оваа вежба, Беким Максути исто така изјави дека му е чест да биде пред спасувачките тимови.

-Мислам дека сме на добар пат да почнеме да ги помрднеме работите кон позитивно. Двете институции се секогаш отворени за соработка со вас. Затоа што сите ние имаме една цел. Целта ни е, хуманоста. Целта е да бидеме на ниво на задачата, таму кадешто секогаш ќе се помогне на лицата на кои им е потребна помош и поддршка. Целта е секогаш да бидеме што е можно повеќе подготвени, нагласи Максути.

Раководителот на спасувачката служба, Дарко Неданоски  информираше дека вежбата е со цел да се презентира професионалниот однос во работата и посветеноста за воспоставување на државна спасителна служба.

-Неопходно е да имаме ваква спасителна служба што ќе биде постојано на располагање, за безбедност за сите. На вежбата учествуваа  педесетина учесници од различни здруженија и организации кои се занимаваат со спасување. Спелеолози, алпинисти, нуркачи, спортски качувачи, параглајдеристи и различни други професии блиски до планинските спортови. Целта ни е да се оформи еден државен систем и сите здруженија да функционираат како едно, рече Неданоски.

извор: МИА

Next Post

Борисов: ЕУ е најдоброто место за живеење во светот

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Дрон повторно го затвори аеродромот во Брисел

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Три лица загинаа во напад на американската армија во Карипско Море

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk