ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Во Кавадарци веќе три години успешно се спроведува дуално образование, младите да ги искористат придобивките кои тоа ги нуди

May 10, 2021 14:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Кавадарци заедно со локалната бизнис заедница се приклучуваат кон заложбите на Владата и на Министерството за образование и наука за подигнување на атрактивноста и интересот за избор на средното стручно образование од страна на младите. И овде средните стручни училишта во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ организираат отворени денови за идните средношколци и ги презентираат перспективите кои ги нуди овој тип на образование, од аспект на вработување и гарантирање добра иднина за секој млад човек.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на СОУ „Киро Спанџов – Брко“ и СОУ „Ѓорче Петров“ каде, како што рече, како и во голем број средни стручни училишта во државата, за прв пат во новата учебна година се воведува концептот на дуално образование за одредени профили, а за дел, веќе постои и продолжува да се имплементира од септември преку соработка на училиштата со компании. Потсети дека компанијата Дрекселмајер веќе три години е дел од успешна приказна.

„Младите полуматуранти од Кавадарци, па и од околните општини, имаат уште еден месец да размислат каде ќе продолжат да се школуваат, а мојот совет се токму овие средни училишта и токму дуалното образование. Верувам и дека генерациите кои  веќе поминале одредена година на образование во дуална паралелка се исклучително задоволни од начинот на стекнување на знаењата и од самите стекнати знаења и дека ќе го пренесат ова искуство на помладите и така ќе дадат еден придонес кон зголемување на бројот на ученици кои го одбираат средното стручно образование“, рече Царовска, додавајќи дека наставата во средните стручни училишта се модернизира преку воведување на повеќе практични часови и преку набавка на опрема.

„Средното „Ѓорче Петров“ е дел од земјоделските училишта за кои набавивме 11 машини за практична обука на учениците. Тој процес ќе го продолжиме и со опфат на други струки и други училишта во државата“, информираше Царовска.

Министерката рече дека со сет мерки за подобрување на квалитетот на стручното образование и за негова промоција меѓу младите, ќе се намали дефицитот на кадар, ќе им се помогне на младите да останат во своите родни градови и да се реализираат професионално, со што ќе се забрза и развојот на државата.

Во двете средни стручни училишта во Кавадарци е планирано да се запишат вкупно 431 ученик во прва година. Од нив, 245 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик се во СОУ “Киро Спанџов – Брко“ и тоа за машинска, електротехничка и геолошко рударски – металуршка струка, а останатите 186 во 6 паралелки на македонски јазик во СОУ “Ѓорче Петров“ за земјоделско – ветеринарна, шурмарско – дрвопреработувачка и здравствена струка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ГАК: Тенденциозни и злонамерни се шпекулации на социјалните мрежи за причините за смртта на пациентката Н.К.

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

За шест месеци туристите во Албанија потрошиле 2,1 милијарди евра

September 16, 2025

Кина потврди дека е постигнат рамковен договор со САД за сопственоста над ТикТок

September 16, 2025
Фотo: Кабинет на Претседателот Бегај

Албанија планира да ги отвори сите поглавја од преговорите со ЕУ во 2025 година

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk