ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ГАК: Тенденциозни и злонамерни се шпекулации на социјалните мрежи за причините за смртта на пациентката Н.К.

May 10, 2021 14:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со тенденциозните и злонамерни шпекулации на социјалните мрежи за причините за смртта на пациентката Н.К. родена 1987 година од Скопје, ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје преку пишано соопштение ја информира јавноста за овој случај и воедно укажува дека Комисијата за контрола на квалитет при клиниката по разгледување на документацијата од приемот до исписот  заклучила дека пациентката е лекувана и третирана по сите протоколи, под висок стручен надзор.

– Не станува збор за родилка туку за пациентка со гинеколошки проблеми поради кои беше оперативно третирана на нашата клиника.Пациентката е примена на ГАК на 21.04.2021 година со голем тумор на матката и е извршена операција на 22.04., со уреден оперативен тек. Во првите шест дена пациентката е стабилна и е на исхрана преку уста. Шестиот постоперативен ден, поради нагло влошување на состојбата (силна болка), пациентката повторно е подложена на оперативен зафат во присуство на абдоминален хирург заради утврдување на причините за влошување на состојбата. Интраоперативно е најдена спонтана руптура на тенко црево (најверојатно како резултат на претходните болести), наведуваат од ГАК..

Во договор со абдоминален хирург, потоа се посочува, пациентката е префрлена на Клиниката за дигестивна хирургија.

– На 11-от ден постоперативно, на Дигестивна хирургија, настанува повторна компликација со цревата најверојатно поради претходните болести и пациентката е повторно оперирана. Постооперативно пациентката е во стабилна состојба и хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија. Утрото на 09.05.2021 година, под сомнение за белодробна тромбоемболија, пациентката итно е префрлена на КАРИЛ, каде починала по многу кратко време. Напоменуваме дека пациентката беше со коморбидитети и претходни оперативни зафати (пред пет години е отстранета слезинка и лимфни јазли), стои во соопштението.

Воедно, од ГАК информираат дека по добиените информации од Дигестивна хирургија за комликациите и лошиот исход на пациентката, денеска под итно се состана Комисијата за контрола на квалитет при ЈЗУ У ГАК-Скопје и ја разгледа целата документација од приемот до исписот на Клиниката за дигестивна хирургија.

– Комисијата заклучи дека пациентката е лекувана и третирана по сите протоколи, под висок стручен надзор, заради нејзината претходна состојба и дека е постапено со лекување и третман за високоризични пациенти. Комисијата за контрола на квалитет при ЈЗУ У ГАК ќе се состане повторно по добивање на судско-медицинскиот наод. ЈЗУ У ГАК-Скопје изразува длабоко сочувство до семејството на починатата пациентка за нивната голема загуба, се посочува во соопштението од Гинеколошко-акушерската клиника.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

July 3, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Повеќе лица повредени во пукотница во Чикаго

July 3, 2025

Почна кампањата за изборите за Горниот дом во Јапонија

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk