ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис и Санчез ја истакнаа важноста на дигиталниот зелен сертификат за вакцинација за слободно движење на граѓаните

May 10, 2021 18:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дигиталниот зелен сертификат за вакцинација, пандемијата и начинот на справување, европскиот фонд за закрепнување, Европа во пост- Меркел ерата, но и како решиле да станат политичари, беа темите за кои дискутираа премиерите на Грција и Шпанија Кирјакос Мицотакис и Педро Санчез за време на Делфи економскиот форум, јави дописничката на МИА од Атина.

На панел дискусијата, двајцата премиери се осврнаа на важноста на сертификатот за вакцинација за слободното движење на граѓаните.

Мицотакис истакна дека е важно што е можно побргу да се имплементира, но исто така и да се избегне карантинот, односно граѓаните да можат слободно да патуваат и слободно да се вратат во нивните земји без да треба да влезат во карантин.

-Ќе имаме значаен број Европејци кои ќе бидат вакцинирани и ќе ни треба европски заеднички стандардизиран доказ за вакцинација или доказ дека е прележана болеста или доказ дека постои негативен тест пред патувањето. Многупати разговаравме за ова, дискутиравме и во Порто, има значаен напредок во техничката работа и јас очекувам сертификатот да биде активен пред крајот на јуни и ќе ги направи нашите животи полесни, бидејќи нема да биде потребно да се склучуваат билатерални договори, рече Мицотакис.

Санчез истакна дека е особено важен чекор што ЕУ ќе го имплементира сертификатот и најважно е да постои договор во јуни „бидејќи треба да создадеме безбеден простор за да постои европска мобилност“.

-На она што Кирјакос го кажа би ја додал важноста да ја научиме лекцијата од оваа криза. На почетокот од кризата менаџментот на Европската унија беше целосно недоволен, имавме недостиг на информации, на податоци, на размена на тие информации меѓу државите,  за да го знаат текот на пандемијата, особено на почетокот, мината година. Мислам дека овој дигитален зелен сертификат исто така ќе ја подобри нашата координација и соработка против вирусот, објасни Санчез.

Одговарајќи на прашањата на новинарот од „Политико“ Флориан Едер, кој беше модератор на панел дискусијата, Мицотакис и Санчез открија кога и зошто решиле да станат политичари.

Премиерот на Шпанија се потсети кога имал 14 години и ги гледал страдањата на неговите баби и дедовци за време на диктатурата во Шпанија , но и сфатил дека „социјалистичката партија е партија која ја модернизираше Шпанија“.

-Ако треба да одговорам на прашањето кој беше специфичниот момент, тоа беше кога сфатив дека страдаа моите дедовци и баби, страдаа поради историската неправда, а страдаа и многу генерации во Шпанија за време на Франковата диктатура, објасни Санчез.

Мицотакис, пак, рече дека неговата приказна е сосема поинаква, бидејќи растел во политичко семејство, но имал моменти кога си велел дека никогаш нема да влезе во политика.

Премиерите на Грција и Шпанија, претходно остварија билатерална средба во премиерската палата во Атина.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Роналдо заминува ако не избори пласман во ЛШ

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk