ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев во Брисел по објаснување за евроинтеграцијата на С Македонија

May 10, 2021 09:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на ЕУ во Брисел ќе има средби со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел, со извршниот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс и со еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

На средбите на Заев со високите европски претставници на кои ќе биде придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, се очекува да се разговара за пристапниот процес на С Македонија кон Европската Унија, за бугарското вето, но и за последните изјави на еврокомесарот Вархеји дека е можно раздвојување на Скопје и Тирана на европскиот пат.

Вархеји, минатата недела, прво при посетата на Скопје, а потоа и во изјава за „Еуроњуз“ кажа дека е можно Брисел да ги отвори пристапните преговори само со Албанија, доколку остане бугарското вето и не се најде заедничко прифатливо решение меѓу С Македонија и Бугарија. Вархеји беше демантиран од високи функционери на Германија и на Словачка, кои рекоа дека во ЕУ не се подготвува раздвојување на С Македонија и Албанија. Берлин, Братислава, но и Виена и некои други членки на ЕУ се децидни Скопје и Тирана заедно да ги почнат преговорите.

Премиерот Заев пред заминувањето за Брисел порача дека очекува ЕУ да ги потврди европските вредности и да го испорача тоа што го вети за спроведените реформи во Северна Македонија. Во изјава за „Еуроњуз“ вели дека дека кандидатурата на С Македонија е тест за кредибилитетот на Европската унија на Западен Балкан, за тоа дали ЕУ ќе ги одржи ветувањата.

Во интервју за „Катимерини“, пак, во контекст на бугарската блокада, Заев нагласи дека за Северна Македонија, за македонскиот народ, неприфатлива е каква било интервенција во македонскиот идентитет.

-Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух, бидејќи треба заедно да градиме иднина. За Северна Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја, било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфатлива. Процесот трае веќе подолго време, не сакаме да запреме и нема да запреме, но нема да ги ставиме во опасност нашето достоинство и нашиот идентитет. Верувам дека ќе најдеме заеднички решенија со Бугарија и ќе изградиме квалитетна иднина за нас и за идните генерации, објаснува премиерот, потенцирајќи дека минатото не треба да се заборави, но „треба да се градат мостови на соработка меѓу сите балкански земји, бидејќи тоа е единствениот пат што води до успех“, рече Заев.

Вицепремиерот Димитров, вчера на одбележувањето на Денот на Евтропа со евроамбасадорото Дејвид Гир во Скопје, кажа дека очекува денеска во Брисел да го слушнат ставот на Европската комисија

– Очигледно е дека огромно мнозинство земји членки сакаат годинава што е можно побрзо да поченеме прговори и ние и Албанија. Моето разбирање е дека тоа е ставот и на ЕК, која впрочем тоа и го препорача во својот извештај и пакет за проширување од октомври минатата година. Северна Македонија ги исполни сите услови и се што требаше да стори на линија на европските принципи. Почетокот на преговорите е апсолутно заслужена работа. Македонската приказна е тест дали на ЕУ можеме да и веруваме во однос на целиот Балкан. Од Северна Македонија доаѓа надеж и токму затоа, одлуките што ќе се прекршат околу нас ќе имаат рефлексија врз целиот регион, порача Димитров.

Евроамбасадорот Гир посочи дека позицијата на ЕК е апсолутно јасна – од самиот почеток Комисијата сака да види одржување на првите меѓувладини конференции и со Северна Македонија и со Албанија, што е можно побргу.

Во однос на спорот со Бугарија, испрати порака дека ЕУ дава поддршка да се најде прифатливо решение.

-Европската унија ги охрабрува и двете страни да дојде до заемно прифатливо решение. Што се однесува на прашањето на одвојување на Северна Македонија од Албанија, тоа беше покренато при посетата на комесарот Вархеји. Тој повторно рече дека Европската комисја работи на тоа да се закаже меѓувладина конференција со двете земји – со Северна Македонија и Албанија. Меѓутоа, тој рече дека се уште не сме дојдени до таму и до тој момент. Се разбира, одвојувањето е исто така прашање со кое треба да се занимава Советот на ЕУ. И, се разбира, тука се и 27-те земји членки кои го адресираат тоа прашање, изјави Гир.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, во саботата, во пресрет на Денот на Европа, изјави оти не мисли дека Северна Македонија и Албанија ќе бидат раздвоени на патот кон ЕУ, оти тоа е погрешна дебата, како и дека не треба да се откажеме од можноста да се одржи меѓувладината конференција во јуни и да почнеме со разговори и со евентуална техничка влада во Бугарија за да се изнајде техничко решение, за што веќе има политичка одлука.

Шефот на дипломатијата порача дека Северна Македонија ги исполнила критериумите за почеток на преговори, дека дури и ги надминала, така што сега е ред на Европската унија да го исполни тоа што го вети.

За датум и преговори веднаш, без условувања и чепкање во националниот идентитет, вчера се заложи и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски. Побара од членките на ЕУ тоа да се случи уште на јунскиот европски самит, а паралелно да течат разговорите со источниот сосед.

Според најавата од владината прес-служба, премиерот Заев за време на денешната посета на Брисел ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Серијата разговори ги почна синоќа со средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина. Двајцата се согласиле дека Северна Македонија го одработи својот дел од обврските и оти е време ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на Унијата пред целиот Западен Балкан.

Предвидени се средби и со европарламентарците Дачиан Чолос, претседавач на групата Europe Renew и со Илхан Ќучук, известител на ЕП за Северна Македонија.

Од Брисел, премиерот Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе отпатува за Мадрид, а потоа за Атина.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk