Регионалната канцеларија за младинска соработка со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации и Фондот за градење мир на Обединетите нации, во текот на мај ќе ја соведат кампањата „Млади инспирирани од мир“.
Кампањата е насочена кон подигање на свеста и зголемување на напорите за градење мир и помирување меѓу младите на Западен Балкан преку разни настани. Темите кои ќе бидат во фокусот на кампањата се образованието, прифаќањето, разбирањето и соработката за да се потенцира важноста на инвестирање во младите, релевантноста на нивните приказни и нивната моќ за промена.
Повеќе детали за кампањата „Млади инспирирани од мир“ организаторите ќе соопштат на денешниот онлајн брифинг што ќе може да се проследи на: https://zoom.us/meeting/
извор: МИА