ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денеска Владата ќе одлучува за новите ковид-рестриктивни мерки кои би важеле од 12 до 18 мај

May 11, 2021 09:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Полициски час Скопје, Транспортен центар. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Полициски час Скопје, Транспортен центар. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Скратен полициски час, работа на угостителските објекти во отворените делови до 23:30 часот и отпочнување со работа на вежбалните, фитнес центрите и теретаните, се дел од олабавените рестриктивни мерки што Главниот координативен кризен штаб и ги препорача на Владата, а таа треба да ги разгледа и да ги усвои на денешната седница.

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.

Според новите мерки што се предлагаат, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 05:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници. Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките, односно од 15 на 20 деца.

Вчера министерот Венко Филипче истакна дека се уште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено. Тој во одговор на новинарско прашање, рече дека за се разговарало вчера, но, оти заклучокот е дека треба да се причека уште недела или две за една ваква мерка.

– Следниот чекор би бил, но, сè уште е рано да кажеме кога би било тоа, да се носат маските како претходно, односно само во група надвор. Засега е рано. Тоа ќе биде следно за што ќе разговаравме. Утрово инициравме дискусија и заклучокот е дека треба да почекаме уште недела или две, рече Филипче.

Според него, засега е рано и да се организираат свадби и концерти.

– Сè уште не се дозволени концертите и свадбите бидејќи стравуваме дека во овие случаи може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни и затоа одиме постепено. Ако продолжат трендовите, ќе бидат дозволени и концертите, нагласи Филипче.

Новите предлози за олабавување на рестриктивните мерки, како што изјави, се поради трендот на намалување на бројот на новозазарени и значителното празнење на болничките капацитети.

Една од мерките кои се очекува да ги донесе денеска Владата е зголемување на бројот на децата во групите во градинките.

-Ние цениме дека состојбата во градинките е добра. Заради притисокот од родителите, и потребата да се вратат децата во градинки, но и заради безбедната епидемиолошка состојба, ние упативме допис врз основа на кој Комисијата за заразни болести препорача на Кризниот штаб бројот на деца кои ќе бидат во градинки да се зголеми од 15 на 20, рече вчера министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која изрази очекување дека мерката ќе биде усвоена на денешната седница на Владата.

Министерката Шахпаска во одговор на новинарско прашање околу состојбата во градинките, посочи дека состојбата е добра, има само нови 11 вработени позитивни и само две позитивни дечиња. Таа информира дека од 21.480 слободни места според протоколите, 15.400 деца веќе се во градинките.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Чешкиот министер за одбрана, Лубомир Метнар во официјална посета на Северна Македонија

НАЈНОВО

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

October 14, 2025

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk