Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk напиша на својот фејсбук профил Венко Филипче.