Меморандум за разбирање за техничка соработка меѓу министерствата за внатрешни работи и за одбрана на Северна Македонија со Министерството за одбрана на Чешката Република е потпишан денеска во рамки на посетата на чешкиот министер за одбрана на државава, Лубомир Метнар.
-Меморандумот отвора можност за усогласување и потпишување договор помеѓу двете Влади за ремонт на транспортни хеликоптери на Министерството за одбрана и на МВР, што ќе ја засили нашата билатерална соработка, а во исто време ќе ги зголеми и армиските и полициските капацитети за справување со кризни ситуации, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Потписници на меморандумот покрај министерот Метнар се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за одбрана Радмила Шекеринска, а активноста, како што соопшти МВР, е дополнителен аргумент во јакнењето на билатералната соработка.
извор: МИА