ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: ЕУ е едногласна дека ги исполнуваме условите за преговори, поддршка имаме и од Шпанија, европската агенда на Премиерот е клуч кон подобра економија и нови странски инвестиции

May 12, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС

Вториот ден од посетата на македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев во Брисел потврди дека нема сомнеж во ниту една ЕУ институција дека Северна Македонија ги исполнува сите услови за формален почеток на преговорите. Македонската страна бара од Брисел засилен ангажман за да се реализира оваа цел.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, работната посета на Кралството Шпанија, во рамките на неговата европска агенда, денеска ја започна со состанок во Шпанската конфедерација на бизнис организации. Порача дека Широко ги отвораме вратите на Северна Македонија за шпанските бизнисмени како пријателска средина за странски инвестиции.

Шпанија целосно го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, е пораката која беше испратена денеска на средбата на шпанската министерка за надворешни работи, ЕУ и соработка Аранча Гонзалес Лаја со вицепремиерот задолжен за европски прашања на Република Северна Македонија, Никола Димитров.

Намалување од 37,2 отсто на бројот нови случаи со Ковид-19 и намалување од 37,1 отсто на бројот на починати, регистрира Институтот за јавно здравје во вчера објавениот извештај за период од 3 до 9 мај. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk , бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат. Прва вакцина вчера примиле 13.076 граѓани, вкупно се аплицирани 145.043 дози.

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника, напиша во објава на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Просторната оддалеченост на обложувалниците и казината од училиштата и верските објекти е предмет на законското решение за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, кое е во постапка на донесување и кое ја бранува јавноста. еснафското тело на спортските обложувалници се противи на ваквите законски измени, истакнувајќи ја бројноста на оваа фела, нивната улога на големи работодавачи и големи даночни обврзници, пишува ИВАН ДУРГУТОВ.

Да беше исто…Најмалку десетмина јавни заканувачи на премиерот веќе ќе пишуваа писма од Идризово со содржина во која длабоко му се извинуваат за тоа што го рекле, дека такво нешто нема да им се повтори, дека се заканувале во афект… Рашковски сè уште ќе беше генерален секретар на Владата, Ласкова советник, Манчевски министер, Пауновски директор. Саша ќе пловеше на некоја јахта на Азурниот брег, Камчев околу Корзика, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.

Додека во Охрид се уриваат објектите на плажите, во соседна Струга угостителите се подготвуваат за летната туристичка сезона и непречено опслужуваат посетители. Градоначалникот Рамиз Мерко и натаму на истиот став, треба да се гради за привлекување на што повеќе туристи,   плажите треба  да бидат  уредени за гостите да може да уживаат во благодетите во крајбрежието , а не празни,  запуштени и  полни со отпад.

M. Миткоска

Next Post

Билатерална средба помеѓу министерот Нуредини и неговиот грчки колега Скрекас во Атина

НАЈНОВО

Ray Giubilo / Instagram @raygiubilo

Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk