ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Силна посветеност на процесот на Дијалогот Жан Моне и на постигнувањето конкретни резултати пред следниот круг разговори

May 12, 2021 16:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, се одржа онлајн средба помеѓу раководството на Собранието на Република Северна Македонија, предводено од Претседателот Талат Џафери и водечките членови на Европскиот парламент, Илхан Кјучук (ОБНОВА, БГ), Андреас Шидер (С&Д, АВТ) и Марион Валсман (ЕНП, ДЕ).

Европскиот парламент и Собранието на Република Северна Македонија продолжуваат да бидат посветени партнери во овој процес, а сите соговорници ја истакнаа важноста на дијалогот Жан Моне во градењето доверба, зајакнувањето на демократската култура и подобрувањето на парламентарните капацитети.  Полноправна рунда на Дијалогот Жан Моне ќе биде организирана штом здравствените услови дозволат средби во живо.

Повторното формирање на работната група на Собранието за изменување и дополнување на Деловникот е позитивен чекор кон постигнување консензус меѓу различните политички партии во Собранието. Суштинско е сите страни да ги остават политичките разлики настрана за да се консолидира работата на собранискиот Деловник и да се придонесе за понатамошно зајакнување на институцијата и на реформскиот процес воопшто. Собранието ја потврди својата посветеност на спроведувањето на заклучоците од последната средба во рамките на Жан Моне дијалогот, која беше одржана во февруари 2020 година.

За време на средбата, раководството на Собранието претставувано од  претседателот Талат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците и Алтернатива. се вклучија во конструктивна размена на мислења за процесот на реформи. Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, г. Панчо Минов, како и генералната секретарка на Собранието, г-ѓа Цветанка Иванова исто така дадоа свој придонес во оваа позитивна размена.

Конечно, водечките европратеници искажаа целосна поддршка на раководството на Собранието во нивните напори насочени кон развој на култура на парламентарен дијалог и градење консензус и кон продолжување со институционалните реформи, потребни за процесот на интеграција на земјата во ЕУ.

Next Post

Од денеска почнува исплата на 30+30 евра државна помош во Србија

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk