ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Нашиот случај е тест за Унијата дали ние на Западен Балкан ќе можеме да и веруваме на ЕУ

May 14, 2021 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Нашиот случај е тест за Европската Унија дали ние во регионот на Западен Балкан ќе можеме да и веруваме на ЕУ и дали ветувањето за европската перспектива на регионот, дадено во Солун во 2003 година и повторено во Софија во мај 2018, се уште важи. Ние имавме безусловна политичка одлука од март минатата година од сите земји-членки дека треба да ги почнеме преговорите за членство, но ова се уште не е реалност.

Ова денеска го истака вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панелот насловен „Остварување на долгоочекуваното ветување“ во рамки на Делфи економскиот форум во Атина, на кој учествуваше и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

За Димитров, прашањето за спојување или раздвојување на Северна Македонија и на Албанија на некој начин е погрешно.

-Мислам дека огромно мнозинство од земјите-членки се за одржување на две меѓувладини конференции со нас и со Тирана, ова е заедничка цел, ова е нешто за кое работиме. Двете земји исполнија се што беше наложено, процесот на пристапување треба да се заснова на постигнувања, и мислам дека е крајно време да почнат пристапните преговори. Ние сме земја која најдолго чека. Ја потпишавме Спогодбата за стабилизација и асоцијација по Словенија, пред Хрватска, двете земји се земји-членки подолго време, ние сме земја кандидат 16 години, Албанија шест години и имавме многу негативни преседани во нашата европска сага, истакна Димитров.

На прашањето на новинарот на панелот дали е можно решение во наредните неколку месеци со Бугарија и што досега македонската Влада има направено и планира да направи за да ги зголеми шансите за договор, и дали решението е само до Софија, Димитров вели дека ова во моментов е клучно прашање.

-Овој пат влогот е голем и станува невозможно да се одржиме и да продолжиме да зборуваме за европската перспектива за граѓаните на С Македонија, влогот е голем и за Европската Унија бидејќи ветувањето е тука и ако ветувањата не се исполнат тоа испраќа многу негативна порака. Најголемиот влог е до нас, бидејќи ние сакаме да го почнеме европскиот пат. Но влогот е голем и за Бугарија и за пријателството меѓу двете земји. Ќе биде приодно за нашите соседи, кои се и членки на ЕУ да имаат најголем интерес од европска С Македонија, од успешна приказна во нивното соседство и сметам дека од оваа перспектива треба да пристапиме и да го ревитализираме ангажманот со Софија, рече Димитров.

Според Димитров, иако сега таму има техничка Влада, нови избори на 11 јули, но и претседателски избори наесен, како и избори во разни земји членки, не треба да се изгуби моментумот и да се чека.

-Мислам дека после сето ова немаме луксуз да кажеме дека ќе чекаме. Треба да се обидеме да го зграпчиме, моментот, да најдеме начин да ги надминеме пречките, и јас ова го гледам како „вин-вин-вин“, или „луз-луз-луз“, сценарио. Немаме сценарио каде Бугарија ќе добие, а ние ќе изгубиме, или и двете сме добитнички, или двете губитнички. И Европската Унија е во истата кошница со нас. Се обидовме со еврокомесарот Вархеји, претходно со германското претседателство, сега е португалското претседателство, и сметам дека имаме можност да го вратиме моментумот на европската идеја на Балканот и не смееме да го изгубиме тој моментум, истакна Димитров.

Потсети дека земјава досега има многу направено, го реши 25-годишниот спор со Грција, за кој доби и меѓународни и европски признанија, а исто така потпиша и Договор за пријателство со Бугарија и дека сме посветени на негова имплементација и, како што рече, навистина е крајно време да го почнеме овој пат.

-За мене, како прв човк на СЕП, ми е многу тешко да зборувам за европската перспектива, ако ЕУ не испорача, бидејќи ние тогаш не можеме да испорачаме на граѓаните, заклучи Димитров на панелот „Остварување на долгоочекуваното ветување“ во рамки на Делфи економскиот форум во Атина.

Еврокомесарот Вархеји, пак, на прашањето на новинарот дали смета дека ако нема договор за Скопје и Тирана, барем Албанија да започне со преговори, дали е подобро еден отколку ниеден и дали има согласност во Комисијата за ова прашање, Вархеји одговори дека добра вест е што земјите-членки сакаат да ги почнат првите меѓувладини конференции со двете земји.

-Ова е позитивен развој на настаните кој е основа на која сме подготвени да работиме. Се уште имаме неколку седмици пред нас и се надевам дека во јуни ќе имаме договор за двете земји за отпочнување на првата меѓувладина конференција. Но за тоа ќе треба сите земји-членки да се согласат. Тоа е таков процес и работиме на тоа да ја обезбедиме поддршката од сите земји-членки за двете земји, рече Вархеји.

Во однос на неговата изјава за разделување на Скопје и Тирана, Вархеји рече дека „тоа е констатација на она што е веќе очигледно“.

-Ако не успееме да обезбедиме договор за двете земји, неизбежно е дека ова прашање ќе биде истакнато и ќе треба да дадеме одговор. Во меѓувреме работиме и правиме напори и за двете земји, истакна еврокомесарот Вархеји на Делфи форумот во Атина.

Next Post

Заев и Пајат ги потврдија придобивките од Договорот од Преспа и регионалните економско-енергетски иницијативи

НАЈНОВО

Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

August 26, 2025

„Култура Бета“ по вторпат ја отпочнува донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа

August 26, 2025

Нов успех за режисерката Тамара Котевска: Два филма на Венецијанскиот филмски фестивал

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk