ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче на средба со поранешни министри за здравство: Се друго освен нов клинички центар е парцијално решение

May 14, 2021 12:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржал состанок со дел од поранешните министри за здравство, со кои разговарал околу проектот за нов клинички центар. Генералниот заклучок, како што рече, бил дека веќе предолго се разговара за изградбата и оти таа треба да почне што побрзо, како и дека друго решение освен нов клинички центар, на ново место како гринфилд инвестиција, би било парцијално решение. Филипче побара опозицијата да биде конструктивна и, како што нагласи, со блокирање на законот да не им го крати правото на граѓаните за соодветна и модерна здравствена заштита.

-Денеска организиравме состанок со дел од претходните министри за да разговараме околку проектот за новиот клинички центар, со цел да споделиме искуства, некои сознанија, перспективи предизвици со кои тие во својот дел од мандатот се соочувале. Практично заеднички став е дека ова прашање предолго се одолговлекува и се разговара повеќе од 15-20 години. Постигнат е на некој начин консензус по ова прашање  дека секое друго решение освен нов клинички центар на ново место како гринфилд инвестиција е парцијално решение, рече министерот за здравство.

Само потполно нов клинички центар, според него, може да понуди модерен и интегриран тип на здравствени услуги, нешто го го има во развиените земји.

– Ние може да разговараме и за други парцијални решенија, но сето тоа нема да донесе суштинска промена во здравствениот систем во нашата земја, рече Филипче,

Тој смета дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е навистина некоректно, и потенцира дека опозицијата нема право да ја ускратат можност за подобра здравствен заштита на грааните.

– Не кажувам дека не може да разговараме за друга алтернатива. Но, отсуство на дискусија, бликирање закон со 2000 амандмани кои не се конструктивни е нешто што сметам дека не е оправдано и оти е злоупотреба некој начин на политичката позиција. Повторно апелирам да дојдат, да се охрабрат да разговараме без разлика дали тоа ќе биде на Комисијата за здравство во Собранието или на јавна дебата која на крајот на месецот ќе ја организираме во Собраието на која ќе учествуваат сите чинители кои треба да дадат коментар по ова прашање, истакна министерот Филипче.

Според него, граѓаните заслужуваат фактите што е тоа што се предвидува да има во новиот клинички центар, што се е предвидено да има за таа сума на средства, но  што би значело тоа за следните пет-шест децении во делот на развојот на здравствеиот систем. 

извор: МИА

Next Post

Двајца возачи и двајца сопатници повредени во сообраќајка во Ченто

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk