ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МНР информира за условите за патување во Грција од денеска до 24 мај

May 14, 2021 18:37
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерството за надворешни работи информира дека грчката Влада донесе нова заедничка министерска одлука со која од денеска се укинуваат мерките за ограничување на копнените, воздушните и водните врски со трети држави, вклучително и државјани на Република Северна Македонија. Од денеска до 24 мај се дозволува влез во земјата под неколку услови.

-Сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат формулар ПЛФ (на веб-страна travel.gov.gr), најмалку 24 часа пред датумот на влез. Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во Хеленската Република (по копнен, воздушен и воден пат), се вели во соопштението. 

Од МНР наведуваат дека сите патници кои влегуваат во Грција, независно од нивното државјанство и начинот на влез, се должни да поседуваат сертификат за вакцинација на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа, согласно домашното законодавство и да имаат доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на нивната вакцинација против КОВИД-19. Сертификатот за вакцинација треба да содржи: име и презиме на лицето, како што е наведено во пасошот, видот на примената вакцина, бројот на примени дози и датумот на нивното примање.  Алтернативно, да имаат негативен резултат од PCR тест, не постар од 72 часа издаден од сертифицирани јавни или приватни лаборатории, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Патниците алтернативно можат да остварат влез и со потврди дека прележале КОВИД-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од два до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста. Потврдата треба да е издадена од јавна установа или од сертифицирани јавни или приватни лаборатории од согласно националното законодавство на земјата на пристигнување, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Овие обврски важат и за малолетни деца над пет години.

Документите, како што се наведува, мора да се презентираат пред соодветните грчки погранични органи или Генералниот секретаријат за цивилна заштита. Сите патници кои патуваат во Хеленската Република, независно од нивното државјанство и начинот на влез во земјата, ќе бидат подложени на rapid-тест на граничниот премин, врз основа на соодветен алгоритам и се должни за време на престојот во земјата да ги почитуваат вонредните мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19, согласно претходните министерски одлуки. Лицата кои ќе бидат подложени на рапид тестови, остануваат на граничниот премин се до издавањето на резултатот од тестот. Против патниците кои ќе ги прекршат овие мерки, ќе бидат изречени соодветни законски санкции.

Од МНР посочуваат дека мерките важат при влезот на сите меѓународни аеродроми во земјата, пристаништата во Патра, Игуменица, Керкира, а граничните премини Промахонас и Ормениу се отворени 24 часа, а Евзони е отворен од 7:00 до 23:00 часот по грчко време.

-Авиокомпаниите и бродските компании, како и компаниите за патен и железнички транспорт се обврзани да го проверат патникот пред да тргне на пат за да потврдат дека ги има потребните документи опишани во член 3, а во случај на утврдени прекршувања имаат обврска да го вратат патникот на сопствен ризик и трошок. Оваа одлука ќе се применува за временскиот период од 14 мај 2021 година од 6:00 часот до 24 мај 2021 година и 6:00 часот, стои во соопштението од МНР.

извор: МИА
Next Post

Од 17 мај почнува Неделата на италијански филм

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk