ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавен јавен повик за подобрување на енергетската ефикасност на општинските објекти

May 14, 2021 14:11
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии објави јавен повик до општините за користење средства за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти, со вкупен фонд од 10,5 милиони евра.

-Висината на заемот за една локална самоуправа може да варира од 50 илјади до 750 илјади евра и зависи од слободниот капацитет за задолжување на општината и проценетата вредност на предложениот општински проект. Со потпишување договор со Министерството за финансии, 80 отсто од овие средства општината ќе ги добие како подзаем, додека, пак, останатите 20 отсто како грант. Воедно, од страна на Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени за Проектот, ќе бидат покриени и трошоците за подготовка на енергетска ревизија и за техничка документација за проектите, информираат од Министерството за финансии.

Потсетуваат дека пред една недела министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на Светска банка во РС Македонија, Масимилијано Паолучи го потпишаа Договорот за заем за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор што ќе се спроведува преку Проектната единица за подобрување на општинските услуги – МСИП. Главната цел на реализацијата на овој проект е намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор, а воедно и подобрување на нивото и квалитетот на јавните објекти и јавното осветлување. Право на користење на средствата од оваа компонента имаат сите единици на локалната самоуправа.

– Проектот за енергетска ефикасност има силна развојна компонента и е од големо значење, особено во тековните услови кога се соочуваме со ефектите од корона-кризата врз економијата. Инјектирањето средства во проекти што имаат силна додадена вредност е од големо значење за заздравување на економијата, а понатаму и за забрзување на економскиот раст, посочи министерот Бесими на настан организиран по повод промовирање на овој проект.

Вкупната вредност на Проектот за енергетска ефикасност е 25 милиони евра, при што дел од овие средства се наменети за енергетски ефикасни инвестиции во објекти на централната власт, на здравствениот сектор, како и за воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност.

Next Post

ЕМА: Вакцините на база на мРНК се чини дека се ефикасни против индиската мутација на коронавирусот

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk