ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Пристигна донацијата од Кина – 100.000 дози вакцини од Синофарм

May 15, 2021 11:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во поликлиниката „Јане Сандански“ беше извршено примоопредавање на донација 100.000 дози вакцини од Армијата на Народна Република Кина за нашата земја во борбата против пандемијата. Донацијата  ја примија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

Донацијата следува по средбата на министерката Шекеринска со кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе во март годинава, кога двајцата министри се согласија дека глобалните кризи како што е оваа со пандемијата можат да се решат исклучиво низ заеднички напор и со голема меѓусебна солидарност.

„Ова е вистинска помош во вистинско време и со количина која сериозно ќе ни ги засили напорите да се бориме со пандемијата. Оваа количина на вакцини ќе ни даде шанса да го продолжиме процесот на вакцинирање на припадниците на Армијата и Министерството за одбрана, но се разбира дека најголемата количина како и во претходните случаи ќе ја отстапиме за потребите на јавното здравство и за потребите на граѓаните. На ваков начин ќе обезбедиме и функционален одбранбен систем меѓутоа ќе понудиме  дополнителна шанса во борбата против пандемијата која што го обедини целото наше општество и кое што претставува приоритет број еден  на сите наши институции“ – изјави Шекеринска и упати благодарност за поддршката од Кина.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се работи за значително количество на вакцини која може значително да  ја смени сликата за пандемијата во Северна Македонија.

„Ние со процесот на вакцинација со кинеските вакцини кои пристигнаа пред неколку недели, веќе започнавме вакцинација, тие се дистрибуирани, остана количина од уште 50.000 која треба да се аплицира и сега ова ќе биде количина која ќе ја додадеме и ќе продолжи процесот на имунизација по приоретизација за возрасните групи, понатаму за целокупното население во нашата земја. Вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата не само кај нас туку насекаде во светот. Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина’ рече Филипче.

Амбасадорот на НР Кина Џанг Ѕуо во изјава за медиумите рече дека светот во моментот доживува длабоки промени благодарение на оваа пандемија и потребно е сите да се придржуваме кон мултилатерализмот и зајакнување на солидарноста и соработката.

„Кина е подготвена да продолжи активно да го поддржува народот на Северна Македонија во вашите напори за борба против епидемијата и да ги здружиме рацете за да напишеме ново поглавје во нашите пријателски односи меѓу нашите земји и војски“ истакна амбасадорот Ѕуо.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk