ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Сервус скопски нарциси, надвор е пролет, живи сме…

Не ги признаваа Леб и Сол, затоа што беа од Скопје, ниту Есма, затоа што беше од Топаана, ниту Милчо, ниту Горан Стефановски, Симон Трпчевски, Ташковски, Мазев, Корубин, Темкова итн. Кај овие градски сурати кои паѓаат во занес дека тие се предодредени и ја имаат задачата да креираат скопскост, не поминуеше ништо, додека не разбереа дека поминало надвор, далеку од Скопје. 

May 16, 2021 16:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Во логиката на неколку дузини “десни“ скопјани, (мислам на скопјаните од десната страна на Вардар), отсекогаш преовладувала, натежнувала една чудна нарцисоидност, самобендисаност, изолираност, и ќе ја наречам специфична искомплексираност која и ден денес се провлекува во одредени кругови и се наметнува како тежок, неискоренет скопски дефект. Иако бројот им е значително помал, сепак, се штета.

Да се разбереме, преку тој специфичен однос и гледања кон луѓето, преку кој се карактеризирале другите на вакви и онакви, на селани и сељаци, на ропаци, копуци и градски фаци, достојни и недостојни, вредни и невредни, ископмплексираните скопјани, урбани и рурални, уште од оноа време исцртувале посебни граници помеѓу скопскоста на маалата и населбите, помеѓу куќите на дворовите со соседите, помеѓу локациите на училиштата, гимназиите и факултетите, во чии граници самите се заглавувале и се давеле, се удавувале, потонувале. Исцртувале граници со кои го раздвојуваат Скопје на прави и лажни скопјани, на современи и заостанати, на глупи и паметни, на граѓани и сељаци дојденци.

Овие нарциси вредностите на скопјаните ги барале во локацијата на живеење во градот, во местата од каде се населиле, во гардеробата и клавирите во пространите салони на нивните семејни куќи, а не во скопскоста на сожителите, односно на манирите на жителите од најстарите скопски населби, кои, според нивните класифицирања важат за не толку градски средини како нивните, па така, најстарите скопски маала – Топаана, Серава маало, Јаја паша, Гази баба, Чаир, Саук чешма, Бит пазар, Стара нова, Крњево, Пајко, Маџир, Ново или Карадаг маало, од каде, всушност, се „испилиле“ правите скопјани, за овие самобендисани скопски фаци имаат друга, пониска, скопска димензија. Замислете каде ваквите ќе ве стават ако сте доселени во Скопје од Муртино, да речеме? Ха хааа… „Пушти го бе селанец, и тој ќе ми води политика ќе гради стандарди!“ или „Абе од Јаја Паша е чоекот, што очекуваш од него, таму со пиштоли во појаси одат и ден денес!“ или „Кај ја најде бе оваа од Драчево, од Ѓорче, од Чаир!“ и така натаму…

А надвор е 2021 пролет, живи сме. Сè расте, сè се менува, само овие генетски следбеници на скопскиот дефект, сè уште егзистираат со истите мантри. Нема везе што и Скопје и скопјани растат, се еманципираат, образуваат, осовременуваат. На работа оделе со фабрички автобуси, на пикници и состаноци со велосипеди, па со автомобили преку широки булевари, пространи крстосници, семафори, неретко во огромни колони, а од „Уред“ повеќемината дома ги донеле со пајтони низ калдрмисани тесни улички и сокаци. Се капат во џакузи со благи шампони, а мајките ги бањале во лимено корито во двор, со љут сапун и ако не ги затвореле очите, ослепуеле од пржење и болка, а водата ја мешале со лончиња. Сега само ја креваат рачката на „Армалот“.

Родителите ги носеле на „Наше море“ на одмор, а тие, првите пливачки обиди ги осознавале на скопските плажи на Вардар. Сите денес ги користат современите уреди за комуникација со светот, компјутерите и интернетот, баратаат со секој нов телефонски апарат, а со девојките закажувале состаноци преку писменца, однесени преку другарките им. И возрасните „џускаат“ на техно, ги следат најновите музички достигнувања и трендови во светот преку интернет, и модата, и уметноста, и културата, исто како што знаат да потскокнуваат на брзите ритмови на „Суперхикс“, а припаѓаат на генерацијата која се наежуела на „Чија си“ во тоа време, како сега на „Уште ми фалиш“. Генерација која „шизеше“ на осветлениот подиум во дискотеката „Панорама“ на најновите тогашни музички светски хитови, а сега одат на концерти на Стинг и Хулио…

Ги поддржуваат луѓето од ЛГБТ заедницата а беа воспитувани од родители и средина во која „педерите“ беа нешто лошо, нешто многу лошо, нешто неприродно и гадно, а за женскиот педеризам, пардон, за „лезбјеството“ поим немале…

Тафталиџе била бавча на која се саделе патлиџани. Скопје на Запад завршувало кај „Мал одмор“, на Југ кај ОУ „Кочо Рацин“, на Исток кај „Мичурин“ и „Пролеќе“, на Север до „Стара фурна“ Чаир, на Југоисток кај „Чешма“ после „Рампа“. Градот расте, градот се менува, како и секој град во светот. Се менуваат и скопјани. Само овие, небаре ендемски следбеници остануваат исти и продолжуваат да тролаат дека од нив нема поголеми скопјани, поголеми граѓани, и сите дојденци според нив се селани. И тие гледаат како расте Скопје, како се менува, гледаат како старите скопјани стареат, доаѓаат нови, и сè помалку успеваат да ги пренесат оние скопски вредности, оние градски манири, во кои се знаеше дека кесите со ѓубре не се фрлаат од балкон, а пепелникот од „Поршето“ не се тресе на семафор, за после тоа да запалат томпус и чаша виски па на социјалните мрежи да држат лекции за тоа дека селаните во Скопје го валкаат градот…

Оние кои и ден денес се „прекриваат“ со ореолот на сопствената скопска самобендисаност, дека од нив нема и не може да има попаметни, посилни, поспособни, повредни, поталентирани, помудри, помодерни, посовремени, поначитани, поедуцирани, похрабри, всушност, и сега, се истакнуваат со раскошот на сопствениот сељачизам.

Тие, претходниците на ваквите скопјани во Скопје, не ги признаваа Леб и Сол, затоа што беа од Скопје, ниту Есма, затоа што беше од Топаана, ниту Милчо, ниту Горан Стефановски, Симон Трпчевски, Ташковски, Мазев, Корубин, Темкова итн. Кај овие градски сурати кои паѓаат во занес дека тие се предодредени и ја имаат задачата да креираат скопскост, не поминуеше ништо, додека не разбереа дека поминало надвор, далеку од Скопје.

Само тогаш ваквите креатори на јавното скопско мислење, на градскоста, модата и современоста, истрчуваа на терен за да докажуваат дека, у ствари, тие тоа го имаат забележано пред нас, само што ние не сме можеле да го видиме, дека за тие вредности нашиве креатори на градскоста знаеле многу пред нас, а во една друга, многу тесна група скопски нарциси, и после сите признанија и сознанија од надвор, почнува хајката темелена на изворот на самобендисаноста според која изнаоѓаат маани на признаените и докажани. И не сопираат.

За оваа шака од самобендисани скопски јадници, не може „селанчето“ од Муртино да мисли и да прави подобро од нив. Нема шанси. Всушност, колку и да прави добро за сите, овие не можат да го прифатат тоа заради тежината на тасот на сопствениот дефект во кантарот дека, такво нешто може да помине, ако и само ако, е поддржано и признаено од нив. Никако другачие…

Сервус нарциси. Надвор е 2021 скопска пролет, живи сте, живи сме…

 


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk