ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Њусвик: Пентагон создаде досега невидена тајна армија од 60.000 луѓе

May 17, 2021 21:35
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатата деценија Пентагон создаде досега невидена тајна армија од десетици илјади војници, изведувачи и цивили кои дејствуваат под прикритие на терен и во кибер просторот, дознава Њусвик.

Американскиот неделник денеска објави ексклузивен материјал за „овој таен свет… од малку познатите сектори на американската армија“, составен од над 60.000 луѓе.

Истражувањето е плод на двегодишна работа и испитување на повеќе од 600 резимеа и околу илјада огласи за работа, но и интервјуа со вклучени во оваа програма и со лица кои носат одлуки. Медиумот побарал и откривање на документи според Законот за слободен пристап до информација.

Програмата е наречена „намалување на видливоста“ (signature reduction). Терминот може да се протолкува и како „намалување на признаците на демаскирање“ и може да се користи за „опишување мерки за оперативна безбедност“. Во програмата учествуваат повеќе од 130 приватни компании кои годишно трошат повеќе од 900 милиони долари за да ја сервисираат „тајната армија“.

Според програмата, агенцијата на военото разузнавање на САД ги следи терористите од воените фронтови од Пакистан до Западна Африка, но сѐ почесто работи и во непризнатите жешки точки како Северна Кореја или Иран.

Најголемо внимание се посветува на работата на интернет, каде измислените ликови на кибер воините собираат податоци. Офицер во оставка за изданието укажа дека никој целосно не е запознат со големината на програмата.

-Од почитувањто на Женевската конвенција, ако војникот кој работел под лажен идентитет е заробен, до надзорот на Конгресот, сѐ е проблематично, наведува изворот. Се укажува дека желбата да се стане што е можно поневидлив за непријателот не само што сокрива што САД работат низ целиот свет, туку и дека го отежнува решавањето на конфликтите.

Разгорената кибер војна на Пентагон придонесе да се појават десетици илјади шпиони, кои работат секојдневно со лажни идентитети на терен или по социјалните межи. Од друга страна, САД веднаш се жалат акo ослични зли операции се правени од руски или кинески шпиони, пишува Њусвик.

извор: МИА
Next Post

Заев: Важно е каква историја пишуваме сега, да ги отвориме вратите за соработка и да не бидеме заглавени во минатото

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk