ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров, Маричиќ и Битиќи се вакцинираа и повикаа на масовно имунизирање против Ковид-19

May 18, 2021 12:28
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи и министерот за правда Бојан Маричиќ, денеска се вакцинираа на пунктот во Арената „А1“ во Скопје.

Димитров по вакцинирањето истакна дека е важно што е можно побрзо и што е можно повеќе македонски граѓани да се вакцинираат, со цел враќање на животот во нормала.

– Само што се вакцинирав и некако го доживеав и како свечен чин, бидејќи долго време зборуваме за ова и долго време трае оваа мака, и е многу важно за себе си, за моите блиски, за мојата фамилија, за моите соработници, за сите граѓани со кои доаѓам секојдневно во контакт, да бидеме заштитени. Пандемијата трае повеќе од една година, за жал изгубивме многу животи, изгубивме дел од слободата, рече Димитров.

Се придружи на апелот на Владата и на здравствените работници да се вакцинираат што поголем број граѓани.

Својата граѓанска и, како што рече, човечка должност, денеска ја изврши и министерот за правда Маричиќ и порача тоа да го направат сите граѓани што поскоро.

-Ме радува и оптимистички е тоа што имаме зголемување на интересот за вакцина во последните недели и големиот број на пријавени за вакцинација што дава надеж дека до крајот на летото ќе има висок степен на вакцинација што би требало да означи победа над пандемијата и завршување на  овој тежок период, истакна министерот Маричиќ.

Тој апелираше граѓаните да се вакцинираат со која било вакцина бидејќи, според него, сите се безбедни и ќе спасат од тешки последици и смрт.

Вицепремиерот Битиќи пак рече дека денеска обврската за вакцинација ја извршил поради тоа што пред шест месеци во близина на вакциналниот пункт лежел 11 дена дека бил на работ на неговата егзистениција, како и дека тоа го сторил и за белите мантили и здравствените работници. Тој повика граѓаните да се пријават за вакцинирање.

Вицепремиерот Димитров, одговарајќи на новинарско прашање за вакцинирањето и сликањето по имунизацијата, рече дека новинарите имаат исклучителна важна професија, информирање на јавноста, информирање на народот, и дека се од оние приоритетни коишто се важни за функционирање на нашата демократија, информирање на граѓаните посебно во услови на пандемија.

-Јас мислам дека е подобро со ова вакцинирање да се сликаме отколку тоа да го правиме тајно. Мислам дека е важно луѓето да видат дека и ние како и сите други граѓани поминавме низ овој процес сосема редовно, беше добро организиран, оти е важно луѓето да знаат дека тие коишто упатуваме апели, коишто сме дел од Владата, ете тоа го правиме, за себеси, за нашите фамилии и за сите граѓани се разбира. Така што, мислам дека обратно би било полошо. Ако не се сликаме и ако ова не е јавен процес секогаш ќе има сомнеж, вакви конспирации, такви конспирации, затоа мислам дека е важно што ова се прави јавно, истакна Димитров.  

Министерот за правда Маричиќ рече дека тие немале привилегија што денеска се вакцинираат Фајзер бидејќи минатата недела другите членови на Владата се вакцинирале Синофарм.

-Минатата недела се вакцинираа со Синофарм, идната веројатно со некоја друга вакцина. Така што  нема никаква привилегија во таа смисла ниту пак се информиравме, ниту пак прашувавме со која вакцина ќе се вакцинираме. Стратегијата или ставот на Владата е како и сите други граѓани кога ќе дојдеме на ред која вакцина ќе дојде со таа ќе се вакцинираме. И во таа смисла не сме на ниту еден начин посебно третирани, посебно од сите останати коишто денес се вакцинираат во центарот „Борис Трајковски“, нагласи Маричиќ.

извор: МИА

Next Post

Министерот за транспорт се вакцинираше во штипскиот вакцинален пункт

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk