ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Ѓурчиновски учествува на редовното заседание на Воениот комитет на НАТО

May 18, 2021 17:13
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во официјална посета на Брисел, денеска учествува на редовното заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на Генералштабови, кое се одржува во седиштето на НАТО.

На состанокот под раководство на претседавачот на ВК, воздухопловниот маршал, Сер Стјуарт Пич, по обраќањето на генералниот секретар Јенс Столтенберг, началниците на Генералштабови на Армиите на 30-те земји членки, согласно агендата дискутирале за военото планирање и адаптацијата во контекст на иницијативата НАТО 2030, тековните операции, мисии и активности кои ги спроведува Алијансата.

Како што соопштија од Генералштабот, за време на престојот во Брисел, генералот Ѓурчиновски во текот на утрешниот ден ќе учествува на состанокот на Воениот комитет на Европската унија на ниво на началници на Генералштабови, каде под раководство на претседавачот на ВК на ЕУ, генерал Клаудио Грацијано ќе се разговара за воените и цивилни мисии и операции на Европската унија како дел од нејзината заедничка политика за безбедност и одбрана.

Состаноците на највисоките воени советодавни тела на НАТО и на ЕУ, покрај планираните агенди се одлична можност за меѓусебни средби на првите луѓе на армиите, кои покрај размена на мислења ги зајакнуваат меѓусебните односи преку иницирање на билатерални активности, се наведува во соопштението.

Република Северна Македонија активно учествува и придонесува во мировните операции на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан и „КФОР“ во Косово, како и во мисиите на ЕУ „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република.

извор: МИА
Next Post

Средба на заменик министерот за внатрешни работи Буши со неговиот албански колега Љамалари

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk