„Нема да поддржам легализирање на објекти градени на грбот на граѓаните, со пари украдени од граѓаните, но ако има над 50 илјади дивоизградени објекти, од кои што најголем дел се на ранливи категории, државата треба да најде начин што со тие.“ рече вицепремиерот Љупчо Николовски во гостувањето на вестите на Сител ТВ.
„Со претходниот закон за легализација таа беше 1 евро, а сега е 150 евра, ранливите категории плаќаа за елаборати, а сега се изземени. Тогаш не беше предвиден делот со УНЕСКО и заштитеното светско наследство, а сега и тој дел е изземен и не може да се вршат легализации во националните паркови. Се направија многу конкретни анализи во тој поглед. Ние мораме да најдеме решение на сите проблеми во државата и еднаш за секогаш да се прати порака дека нема повеќе толеранција на градење на диво. Затоа мора низ правните инструменти да се најде соодветен начин“ кажа Николовски.
Тој додаде дека со враќањето на законот од страна на Претседателот, ќе се отвори и продолжи дебатата, се со цел да се одлучи дали се носи или не се носи законот.