ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателот Пендаровски се вакцинираше во Куманово

May 18, 2021 16:19
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска ја прими првата доза од вакцината против Ковид 19 во вакциналниот пункт во училишната спортска сала „Перо Наков“ во Куманово. Претседателот се вакцинираше со вакцината на „Фајзер“ која е достапна за кумановци во овој вакцинален пункт. Достапните вакцини во државата се безбедни, рече претседателот и најави дека втората доза ќе ја прими во некој од градовите од државата. Тој појасни дека термин за вакцинација имал вчера, но поради службеното патување решиле со кабинетот да се вакцинираат во Куманово.

-Не можевме вчера да отидам во салата „Борис Трајковски“, но и без тоа уште од поодамна решив заедно со неколку мои најблиски соработници, значи не сум сам од кабинетот, сите сме од Скопје да се вакцинираме во некој друг град во Македонија, затоа што има и такви шпекулации има и такви дезинформации дека наводно едни вакцини се дават во Скопје, други вакцини се даваат во други градови, да ја разбиеме таа шпекулација. Мислам дека е добро и за останатите што се на функција да прават слично, изјави претседателот.

Тој најави дека на 8 јуни годинава, ќе ја прими втората доза да ја прими во некоја трета општина и според него тоа е добро да се покаже на граѓаните дека сите вакцини кои доаѓаат во земјата се проверени, ефикасни и граѓаните не треба да имаат сомнеж. Претседателот апелираше граѓаните да се вакцинираат и побрзо да се вратиме во нормала.

Одговарајќи на новинарско прашање дали чекал ред, претседателот појасни дека во 14:00 часот имал договорено за вакцинација.

-Ако не сакав да чекам ред ќе бев вакциниран пред месец дена, бидејќи и по возраст јас сум 58-годишен човек, мене ми доаѓаше редот многу порано, меѓутоа рековме дека не би било добро да трчаме пред другите граѓани во ситуација кога пред месец дена немавме доволно вакцини. Масовната имунизација е почната и мислам дека е добро што веќе илјадници, илјадни граѓани тоа го завршија, изјави претседателот.

Тој се надева дека до крајот на наредниот месец ќе се имунизира значаен процент од населението.

Одговарајќи на новинарско прашање дали разговарал со министерот за здравство кога ќе се вакцинираат новинарите, претседателот Пендаровски рече дека добил барање од новинарските здруженија да почне имунизацијата на медиумските работници и под 40 години. Тој истакна дека новинарите имаат постојан контакт со луѓе на терен и постои висок ризик за зараза.

-Можам да го повторам тоа барање до него, се разбира мислам дека и досега требаше да бидете во групите на критичната инфраструктура, војска, полиција, бидејќи практично вие сте на првата линија на фронтот и сте во значаен ризик, изјави претседателот.

Масовна вакцинација во Куманово се спроведува со „Синофрам“ во салата „Перо Наков“, додека во тек е и ревакцинација со „Фајзер“ за повозрасните граѓани над 70 години во Здравствен дом. 

извор: МИА

Next Post

Бектеши: Директорот на Пазарен инспекторат кажал многу невистини за увозот на мазут

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk