„Важно е каква историја пишуваме сега. Нашите млади луѓе сакаат позитивна историја, да ги отвориме вратите и можностите за соработка, а не да бидеме заглавени во минатото“ истакна премиерот Зоран Заев во неговото синоќешно гостување на Дненивкот на МТВ, во врска со отворањето на преговорите за членство во ЕУ и блокадата од Бугарија.
„Има консензуална одлука од 27 земји-членки дека сме ги исполниле условите за почеток на преговорите со ЕУ. Во моментов сме пред првата меѓувладина конференција. Потоа следува скриниг, следуваат поглавјата. Зборуваме за меѓувладината конференција да се одржи на крајот на Јуни. Затоа што на 22 јуни е предвиден Советот на министри, каде што треба да се носат одлуките, после тоа треба да се оджри првата меѓувладина конференција“ кажа Заев.
Тој додаде дека по меѓувладината конференција, ќе следува скрининг, што се очекува да трае со месеци, па до отворањето на првото поглавје ќе поминат уште неколку месеци после тоа.
„Ја повикувам Бугарија која е европска земја, која што го организираше и Самитот за Западен Балкан и повторно го сврти вниманието на ЕУ кон овој регион, да продолжи со ваквите европски манири“ кажа Заев.
Премиерот додаде дека Северна Македонија е земјата која најдолго чекала од сите земји што сакале да го продолжат европскиот пат.
„Граѓаните треба да знаат дека Европа должи. Должи ЕУ доколку сака да остане фокусот према Западниот Балкан за интеграциите во Унијата. Без Северна Македонија нема продолжување на проширувањето на ЕУ во Западен Балкан. Нема од прагматични причини затоа што не може да одат другите земји напред, ако Северна Македонија не чекори исто на напред“ кажа Заев.