ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Нови 500.000 вакцини „Синовак“ и 100.000 „Фајзер“

May 19, 2021 13:37
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последната најава  преку Kинеската амбасада вчера и денеска е дека 500.000 вакцини од „Синовак“ треба да стигнат на почетокот на  следниот месец, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во јуни, како што дополни Филипче, се очекуваат 100.000 вакцини „Фајзер“ преку Ковакс системот, а се уште ја немаме динамиката за пристигнување на вакцините од овој производител преку директниот договор. Има некои најави за пристигнување повторно  преку претставници од Руската амбасада за руската вакцина до крајот на мај,  не ни се потврдени, и оваа динамика на  пристигнување на 10.000 вакцини  Фајзер, преку нашиот директен договор и системот Солидарност од ЕУ секој понеделник до крајот на мај, рече Филипче.

Тој  не очекува политизација на испораката на вакцините „Спутник“ од Русија по вчерашното протерување на руски дипломат од држава.

-Немам таква информација, во ниту еден момент за време на бројните средби, а и сега телефонските разговори  што ги имам со рускиот  амбасадор нема никаква најава за политизација на прашањето, ниту беше  така на почетокот, ниту е сега, останува да  видиме. Последните најави се дека ќе стигне одредена количина до крајот на мај, ќе видиме дали е така. Ние бевме една од земјите  која чекаше најмалку временски од моментот на нарачка до стигнување на првата количина. Останува да видиме,  изјави Филипче. После вчерашниот ден немал комуникација со амбасадорот,  но од досегашната која посочи дека била навистина коректна не очекува такво нешто.

Согласно најавените пратки и количини, како што укажа, се прават  распоредите за имунизацијата која оцени дека се одвива добро.

-Досега се вакцинирани под 200 000 граѓани од кои  30 000 се ревакцинирани и се аплицирани близу 220.000 дози. Сега се вакцинираат сите граѓаните кои се пријавени на системот и сајтот вакцинација.мк над 40 години и дополнително над 65 години од пријавените после 1 мај. Вакцините се  дистрибуираат согласно бројот на пријавени граѓани. Тече и вакцинацијата на пациенти на дијализа и со трансплантација, а понатаму и согласно одлуките на Комитетот  за имуизација и националната група ќе се прават распоредите и за следната недела, појасни Филипче, најавувајќи дека веројатно во текот на следната недела ќе дојде ред за повторна вакцинација и на дел од новинарите кои не се вакцинирани.

Според Филипче, за  оваа и за наредната недела има сосема доволен број на вакцини да се задржи сегашното темпо за вакцинација.

– Можно е следната недела дури  и бројката на вакцини како вкупна бројка за еден ден да се зголеми заради тоа што на ред доаѓаат и ревакцините, не на сметка на првата доза, туку како  вкупен број на луѓе кои се јавуваат за имунизација. Со други зборови не скратуваме термини во текот на денот заради тоа што вакцини има доволно и за оваа и за наредната  недела. Досега и по овој систем на приоретизација пријавени  постари граѓани досега се  вакцинирани 43 проценти од вкупниот број  граѓани во државава над 70 години и тоа се скоро сите пријавени и ќе заврши нивната имунизација на крај на наредната  недела, рече Филипче, наведувајќи и дека нема информации дека имало вакицнирање на граѓани без да иамат термини.

Остануваат на ставот дека АстраЗенека нема да се дава на помлади од 60 лица.

– Во комуникација сме со српските колеги да го издадат бројките на сериите од кои нашите граѓани беа вакцинирани во Србија за да може тоа да биде првата ревакцина, ако е друга, не АстраЗенека, да се издаде сертификат кај нас. За сите други случаи на вакцинација во Србија ќе се користат српските сертификати. Ние следната недела ќе го издадеме и тн. Грин пас. Тоа ќе електронски кјуар код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР тест и евентуално за антитела, па кој било од триете параметри параметри во која било европска земја да се бара да може патникот да ги има со себе, рече Филипче.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Ученици бараат правда по несреќата во Дака – „Застарени авиони убиваат“

July 22, 2025

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август

July 22, 2025

Калас: Сите опции се на маса ако Израел не ги исполни ветувањата околу Газа

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk