ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Смаиловиќ: Ги повикувам институциите да преземат соодветни мерки за нападот врз мојот интегритет и достоинство

May 19, 2021 13:47
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ разговараше со активистката Мерсиха Смаиловиќ која деновиве е мета на говор на омраза на социјалните мрежи од страна на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.

ЦИВИЛ МЕДИА: Сведоци сме на извесен говор на омраза кон вас од минатата вечер на социјалните мрежи, што ќе преземете околу тоа?

Смаиловиќ: Тоа што се случува во светот во моментов, а тоа е војната помеѓу Израел и Палестина, односно нападите врз Газа, и јас, нормално, си го искажав јавно мојот став. Имаше многу дебати и дискусии на социјалните мрежи но не влегов во ниту една дискусија, бидејќи секој има право на свој личен став а фактите и доказите си стојат достапни за секого.

Но, политичкиот лидер и вработен во Министерството за одбрана г. Петар Богојески тоа го искористи за конечно да добие некакво внимание од јавноста, почна да ме напаѓа, да ме тагнува  на своите постови, да го поистоветува мојот активизам со активностите на ИСИС , и мојата осуда на теророт што се случува врз палестинското население , бидејќи според него сум дел од нив и слично. Значи ме поистовети мене со ИСИС, и тоа во неколку наврати на неговиот личен профил, на неговата Фејсбук страница, и на страницата на неговата политичка партија. Што значи дека ако пропуштите да видите кај неговиот профил, ќе видите на другиот.

Луѓето почнаа да коментираат, некои и му се закануваат и тоа е се документирано. Но, неговите напади и понатаму продолжуваат, иако  јас го игнорирам целосно, го пријавив во МВР, а денеска испратив и допис до Министерството за одбрана бидејќи тој е вработен во МНР, и зема пари од буџетот во  којшто јас и сите граѓани плаќаме даноци, и Министерството за одбрана треба да реагира соодветно.

Ако се сеќавате, во 2018 година реагираше на една службеничка од Министерството за одбрана, кога реагираше за терористичките напади врз муслиманите, што се случија во Нов Зеланд, а сега сум јас метата, и се врши класичен говор на омраза. Очекувам сите институции да реагираат, сето тоа е достапно и јавно манифестирано. Исто така има и своја веб страница каде што самиот си пишува вести, и би замолила мојот идентитет да биде вистински, ми се греши и презимето, името и презимето на мојот сопруг итн.

Еден таков текст, којшто ќе остане достапен на пребарувачот на Гугл, каде што се навредува мојот идентитет моето достоинство, пред се, неговиот говор на омраза, од којшто е загрозена мојата безбедност, мојот активизам, којшто се однесува на бегалските кампови, каде се присутни и припадници на воената армија… Замислете ако тие го читаат неговиот пост каде што ме поистоветува со членка на терористичката организација ИСИС, како би реагирале кога покрај нив поминува една, според него, членка на ИСИС. Така што ова е навистина сериозно, посериозно од минатите напади кога сум била мета на говор на омраза. Очекувам да реагираат институциите и невладините кои мониторираат во своите годишни неделни, месечни или годишни извештаи да го стават ова како говор на омраза од коешто се надевам дека нема да произлезе злосторство од омраза. Секој говор на омраза може да ескалира во поголеми размери ако не се спречи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали имате одговор на вашите реакции до институциите?

Смаиловиќ: Веќе испратив допис  до Македонскиот Хелсиншки комитет, од каде што ме известија дека ова не претставува говор на омраза, туку е лична навреда, и ме упатија на граѓански спор, којшто секако ќе го покренам, но сепак барам од МНР, Јавното обвинителство да преземат мерки а Хелсиншкиот комитет да го процесира соодветно, бидејќи тие и рапортираат на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Дијана Тахири / ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата е одлучна да го истражи случајот со наводите за токсичните деривати

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk