ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Цветната штафета“ пристигна во Охрид

May 21, 2021 11:34
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на празникот 24 Мај – Денот на словенските просветители светите браќа Кирил и Методиј НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, ООУ „Св. Климент Охридски“ и уметникот, хуманитарец и кандидат за Нобеловата награда за мир Живко Поповски – Цветин, организираа дочек на Цветната штафета на мирот.

Идејата за организирање на „Цветната штафета“ е токму на Живко Поповски– Цветин кој речиси целокупното свое творештво изминатите три и пол децении го има посветено на цвеќето и на сопствената мисија со основната порака: „На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“

Цветната штефата на 21 јануари тргна од ОУ „Живко Брајковски“ во скопската населба Бутел, за во очи на престојниот празник на Кирил и Методиј да пристигне во Охрид.

– На овој начин ја поддржавме идејата на Цветин, преку неговата цветна штафета и од Охрид децата да ја испратат пораката за мир и љубов. Не случајно бевме во ова училиште на ридот што го носи името на големиот свети Климент Охридски. Сакавме во годината кога се одбележуваат сто години од раѓањето на Блаже Конески, пред Денот на сесловенските просветители да ги споиме вековите и овој заслужен творец од областа на современиот македонски јазик, литература и култура со светите Кирил и Методиј, Свети Климент и Григор Прличев, за да останат врежани во колективната меморија на децата, рече Милчо Јованоски од Библиотеката „Григор Прличев“.

Охридската библиотека на околу 70 деца – учесници им подари по една книга, ја збогати и нивната училиштна библиотека со дела од познатиот автор Миле Волканоски, Вера М Самарјанин и Живко Поповски – Цветин, а за својот ангажман сите деца и наставници – учесници добија мали минијатури со цветна порака од сликарот Цветин.

Поповски досега има подарено на 55 илјади слики „Цвеќе на мирот“ на државници, политичари, поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија. Досега тој има организирано над 300 изложби на сите континенти.

Поповски е првиот македонски сликар чија ликовна изложба беше претставена на Интернет, под наслов „52 Цвеќиња на мирот за 52 години на ООН“ во 1997 година, по повод годишнината на ООН. Во 2009 година тој беше кандидат за Нобелова награда за мир, кога од 205 кандидати, беше меѓу првите петмина во потесен избор.

Идејата е „Цветната штафета“ во текот на оваа година да ја обиколи целата држава, со можност иницијативата да се прошири низ Балканот.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk