ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Бугарија е отворена за активен дијалог со С. Македонија, за Лукаревска новата позиција е предизвик, не товар, расте трендот на помалку заболени и вакцинирани

May 21, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Република Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев на прес-конференција по средбата со неговиот португалски колега Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во Софија.

Бугарија е на маргините на интересот на просечниот Македонец. Некаква геополитичка, животна и културна сенка. Никој ништо не знае за тамошната политичка, културна, економска или дури спортска и меѓународна сцена. Таа сенка не дозволува да се развијат омрази за кои говорат во Софија. Во отсуството на комуникација се губи предметот и потенцијалот на омразата. И на љубовта, се разбира, пишува Бранко Тричковски.

Новата заменичка претседателка на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека за неа како личност не е товар, туку предизвик да ја замени досегашната заменичка претседателка Радмила Шекеринска. Верувам и знам дека на многу млади жени кои тогаш почнуваа во политиката, таа им беше идол и веројатно размислувале и сакале да го стигнат тоа нејзино ниво. Радмила Шекеринска е една политичка фигура која остави и ќе остави белег во плурализмот и во општеството, рече Лукаревска.

Назначувањето на Валентина Божиновска за еден од 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи, е одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Продолжува трендот на се помалку заболени од Ковид-19, а се повеќе оздраведни, но се зголемува и бројот на вакцинирани граѓани. Паралелно се намалува притисокот во болничките капацитети со пациенти од коронавирусот. За идната недела е најавено да стартува издавањето на македонскиот зелен пасош за патување во странство. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, вчера биле аплицирани 11.646 вакцини.

М. Миткоска

Next Post

Битиќи: Нема конкретен предлог за реформа на даночната политика

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата повика на „длабоко размислување“ за третманот на мигрантите во САД: Го критикуваше Трамп за масовните депортации

November 6, 2025

Планот на Исакман за НАСА вклучува беспилотна мисија на Марс следната година и соработка со SpaceX

November 6, 2025
Скриншот

Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали кај островот Минамиторишима

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk