ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Ќе се рушат времени објекти во „Градиште“, Силва и Вархеји со решение што не задира во идентитетските прашања, на потег е Бугарија

May 21, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Охрид донесе Решение за отстранување на времените објекти, во автокампот „Градиште“ откога при спроведениот вонреден инспекциски надзор на 15 автокамп приколки, затекнати беа бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи.

Имаме добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ со решение кое не задира во македонските идентитетски прашања и за кое сме убедени дека е прифатливо и за круцијалните позиции на Бугарија, оцени премиерот Зоран Заев за предлог решенијата на министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји.

Нашата цел е во текот на нашето претседателство со Советот на ЕУ да добиеме согласност од сите земји членки на ЕУ, за да ја започнеме преговарачката рамка со Република Северна Македонија и со Албанија, и да ја одржиме првата меѓувладина конференција и со двете земји, рече тој, додавајќи оти за нив било од голема важност да одржат политички консултации и во Скопје со македонските власти, рече шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва по средбата со премиерот Зоран Заев во Скопје.

Бугарскиот претседател Румен Радев, за време на средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, изјави дека проширувањето на ЕУ треба да е засновано на реални резултати од добрососедските односи.

Од исклучителна важност е скорешно одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, било потенцирано на средбата на претседателот Стево Пендаровски со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, чија земја е актуелен претставач со ЕУ.

Изминатите 24 часа во државата се регистрирани нови 46 случаи со Ковид -19 од вкупно 3.487 направени тестови. Како оздравени пациенти се регистрирани 89 пациенти, бројот на починати изнесува 15 лица од кои четири лица  се починати  во домашни, а 11 во болнички услови.

РЕНДГЕН: Зоолошка

Фармацевтските компании Фајзер и Бионтек денеска се обврзаа годинава да испорачаат една милијарда дози вакцинни против Ковид-19 на сиромашните држави и уште една милијарда дози следната година.

Меѓународниот монетарен фонд денеска претстави предлог од 50 милијарди долари за ставање крај на пандемијата со Ковид-19 со вакцинирање на најмалку 40 отсто од населението во сите земји до крајот на 2021 година и најмалку 60 отсто до првата половина на 2022 година.

Младите во Велика Британија повеќе не сметаат дека државата треба да ја зачува монархијата и сега сакаат повеќе избран шеф на државата, а бројот на оние кои сакаат да го сторат тоа во последните неколку години се зголемува, според анкета објавена денеска.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат дури и ако биде прогласена вонредна состојба во главниот град на Јапонија поради коронавирусот. Ова го изјави шефот на координативната комисија на Олимпијадата, Џон Коутс на состанокот на Меѓународниот олимписки комитет.

Ј. Ѓ.

Next Post

ЕУ покажа доследност дека за идентитетските прашања не се преговара, Софија не е многу среќна со предлогот од Силва и Вархеји, вели Шекеринска

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk